ТТК Банка во поддршка на "Глобална недела на претприемаштво"
“Глобална недела на претприемаштво” претставува глобалeн настан за промоција и поддршка на претприемачите кој традиционално се одржува секоја година на повеќе локации во земјата.
ТТК Банка и во 2009 година зема учество на овој глобален настан, која како успешна банка од редот на малите и средни банки, ги презентираше своите искуства како и своето богато портфолио на производи и услуги наменети за мали и средни претпријатија.
Во текот на една недела, голем број успешни компании, мали и средни претпријатија како и млади претприемачи се сретнаа на едно место со цел започнување и стимулирање на креативни идеи на луѓето за отпочнување свој сопствен бизнис, како и придонес во развојот на економијата во целост.
Присуството на овој настан претставува одлична можност за размена на идеи и искуство со успешни компании од земјата и од странство.

|