ЈАВЕН ПОВИК за избор на најповолен добавувач за набавка на осигурителни услуги
ТТК Банка АД Скопје во согласност со интерните акти на Банката и позитивните законски прописи објавува јавен повик за избор на најповолен добавувач на осигурителни услуги за осигурување на градежни објекти, основни средства, мебел и компјутерска опрема, парични средства, физички лица, осигурување од одговорност за дејност, согласно дадена спецификација.
ТТК Банка со избраното осигурително друштво ќе склучи договор за набавка по прифаќање на најповолната понуда за период од 1 (една) година.
Лице за контакт од Банката: Владимир Ѓеровски, маил адреса: vladimir.gjerovski@ttk.com.mk, тел. 02/32 47 000 лок. 484, 072 247 882
Спецификација за осигурување.
Облик и содржина на понудата:
1. Понудата се изработува во писмен облик
2. Понудата треба да содржи:
· Име/Назив, адреса и седиште на понудувачот, броеви на телефон и факс, e-mail адреси и лица за контакт
· Тековна состојба на компанијата
· Единечна цена на понудата, со посебно изразен ДДВ
· Рок на плаќање (веднаш, 30 дена, 60 дена).
· Рок и начин на испорака,
· Попуст за плаќање
· Референтна листа
Понудите се доставуваат во оригинал или копија во затворен коверт на следната адреса:
ТТК БАНКА АД Скопје
Ул. Народен фронт 19а, 1000 Скопје
(со назнака Избор на друштво за Осигурителни услуги).
Понудите да се достават најдоцна до 20.03.2020 година до 16.00 часот.
*13.03.2020 година |