македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити со ризико животно осигурување за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Соопштенија за јавност 2020

ТТК Банка АД Скопје ја прошири мрежата на банкомати

Со цел да овозможи подостапни услуги на корисниците,ТТК Банка АД Скопје ја прошири своjата мрежа на банкомати со поставување нови банкомати на две локации.

Еден банкомат е поставен на бензинската станица „Европа 92“ во с. Лешок, на магистралниот пат Тетово – Јажинце. Со тоа, услугите преку банкомат им се достапни и на корисниците од овој тетовски регион, односно корисниците имаат можност во секое време да подигнуваат готовина без провизија, да извршат проверка на состојбата на сметката, самостојно да извршат промена на ПИН-кодот на својата VISA Classic Debit дебитна картичка, и сл.

 

Нов мултифунционален банкомат е поставен во рамките на експозитурата Скопје Аеродром на бул. „Јане Сандански“ бр. 26а Скопје. И покрај стандардните услуги, отсега корисниците ќе можат да извршат уплата на готовина на својата трансакциска сметка во Банката, а правните лица да го уплатат дневниот пазар. За користење на услугата потребно е корисниците да се идентификуваат со VISA платежните картички.

 

Услугите преку банкоматите се достапни 24/7.

 

Со поставувањето на новите банкомати, ТТК Банка АД Скопје ја прошири својата мрежа на банкомати на вкупно 38 локации ширум земјата.

 

Во секое време на располагање на корисниците им се услугите достапни преку апликацијата за мобилно банкарство TTK M-bank и електронското банкарство TTK E-bank, кои на корисниците им овозможуваат на брз и едноставен начин да управуваат со својата банкарска сметка од својот мобилен телефон, независно од локацијата и работното време на експозитурите и филијалите на Банката.

 

Повеќе информации за мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје, мрежата на филијали и експозитури на Банката можeте да најдете на следниот линк како и на апликацијата за мобилно банкарство TTK M-bank.

* објавено на 2.12.2020 година

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување