македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити со ризико животно осигурување за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Известување за измени во тарифата за надоместоци на услугите за дебитни и за кредитни VISA картички

 

 

Почитувани,

 

Ве информираме за промената на тарифата од областа на работењето со дебитните и со кредитните VISA картички во согласност со пазарните услови.

 

Со важност од 1-ви април членарината за дебитните Visa картички со месечен промет над 8.000 денари, остварен преку ПОС терминалите во трговската мрежа, и понатаму останува без надоместок, додека  за дебитните картички со месечен промет до 8.000 денари ќе изнесува 20 денари. Задолжувањето на членарината ќе се врши на последниот ден од месецот. Од оваа промена се изземаат корисниците на дебитни картички кои се приматели на пензија и социјална помош преку ТТК Банка АД Скопје.

 

Членарината за кредитните картички за примателите на плата и пензија преку ТТК Банка  АД Скопје месечно ќе изнесува 75 денари, додека за останатите корисници 125 денари. Корисниците кои имаат остварен годишен промет во трговија над 100.000 денари и понатаму нема да се задолжуваат за овој трошок.

 

Со важност од 5-ти април се менуваат провизиите за подигнување готовина со дебитни Visa картички на банкомати од другите банки во земјата и во странство, како и провизиите за подигнување готовина сo кредитните Visa картички на сите банкомати во земјата и во странство за корисниците - физички и правни лица. Подигнувањето на готовина од банкомат на ТТК Банка, со дебитна Visa картичка, за корисниците - физички лица и понатаму останува бесплатно.

Тарифата можете да ја преземете тука како и во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје.

ТТК Банка АД Скопје континуирано вложува во унапредување на услугите и во подобрување на корисничкото искуство со Visa картичките овозможувајќи:

  • Плаќање на рати без надоместок за Visa дебитни картички до 6 (шест) рати;
  • Бесконтактно плаќање без провизија на ПОС терминалите во земјата и во странство;
  • Промена на дневен лимит за плаќање преку интернет, достапно преку TTK E-bank и TTK M-bank;
  • Едноставно следење на промените и состојбата на картичките преку дигиталните канали TTK E-bank и TTK M-bank и преку електронските сервиси за информирање;
  • „3DS2 Secure“ највисоко ниво на безбедност за интернет-трансакции;
  • „Cash In“ функционалности достапни преку широката мрежа на банкомати;
  • Чип-технологија за поголема сигурност и безбедност;
  • Издавање/обновување на картичката на долг рок од 5 години;
  • 24-часовна поддршка на корисниците, насекаде во светот. 

 

Со почит,

ТТК Банка АД Скопје

 

 

* објавено на 1.4.2021 година.


 

Одлуки донесени на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 5-ти април 2021 година
Известување за измени во тарифата за надоместоци на услугите за дебитни и за кредитни VISA картички
Реализирани едукативни работилници по повод „Глобалната недела на парите“ (Global Money Week)
Известување за предвремена исплата на пензиите од 29-ти март 2021 година
ПОВИК до клиентите - правни лица да извршат упис во Регистарот за вистински сопственици најдоцна до 27.4.2021 година
Кредити со РИЗИКО кредитно животно осигурување во соработка со „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје (со намален надоместок за одобрување до 30.4.2021 година)
Јавен повик за учество на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
ИЗВЕСТУВАЊЕ во врска со XXXVI-тото Собрание на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за упис на клиентите – правни лица во регистарот на вистински сопственици најдоцна до 27 април 2021 година

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување