ТТК Банка АД Скопје во поддршка на 65-годишнината од постоењето на КК Тетекс ТТК
КК Тетекс ТТК е приказна којашто трае 65 години и продолжува да остава неизбришлива трага во историјата на македонската кошарка. Кошаркарскиот клуб постои од 1952 година, а во овој период КК Тетекс ТТК се натпреварува во втората македонска лига.
Како повеќегодишен генерален спонзор на клубот, ТТК Банка АД Скопје е силна поддршка на натпреварите, спортскиот тимски дух и целта - да се биде дел од првата македонска лига.
ТТК Банка АД Скопје останува долгогодишен поддржувач на позитивните вредности кај младите луѓе и практикувањето на здравите животни навики.

*објавено на 15.12.2017 година. |