македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Кредити

Кредит за школување

Корисници

·   Државјани на Република Македонија, деловноспособни лица над 18 години, кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во јавна администрација и бонитетни претпријатија и институции прифатливи за Банката; пензионери;

·   Физички лица кои примаат/не примаат плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка.

Критериуми

·   Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот;

·   Минималните месечни примања на кредитобарателот, остварени во РМ, не смее да бидат пониски од 9.000 денари;

·   Максималната старост на кредитобарателот не смее да биде поголема од 70 години во моментот на доспевањето на последниот ануитет на кредитот.

Износ

·    до 300.000 денари во зависност од кредитоспособноста

Намена на кредитот

·    Плаќање трошоци за школување (за плаќања кон образовна институција- за трошоци кои покриваат школување на средношколци, додипломци, постдипломци, магистри, докторанти - редовно и вонредно школување).

Валута

·   МКД

Начин на отплата

·   Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на 1–ви секој месец.

·   Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.

Рок на отплата

·   Од 13 до 60 месеци  (со вклучен грејс период до 12  месеци)

Каматна стапка

·   7,50% годишно, прилагодлива за кредитокорисници кои примаат плата преку ТТК Банка (I категорија), како и за корисници на Премиум СМАРТ пакетот (Премиум СМАРТ пакетот е наменет за: 1. Физички лица кои се вработени во државни институции и акционерски друштва и ја примаат платата преку ТТК Банка; 2. Физички лица пензионери кои се приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка; 3. Физички лица вработени во приватни фирми (кои постојат минимум 5 години), со месечни примања над 20.000 денари (континуирано во последните 12 месеци), класифицирани во А категорија  (континуирано во последните 12 месеци), што се приматели на плата преку ТТК Банка; 4. Физички лица  кои се вработени во нотарска, извршителска, адвокатска канцеларија (нотар, извршител, адвокат) и ја прима платата преку ТТК Банка).

·   8,50% годишно, прилагодлива за кредитокорисници кои не примаат плата, односно пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка ( II категорија).

 

·   За периодот од искористување на кредитот до денот на ставање на кредитот во отплата Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористување на кредитот.

Казнена каматна стапка

·   11,75% годишно (законска казнена) прилагодлива за достасани, а не подмирени  обврски за кредит во денари.

Метод и период на пресметка на камата

·   Пресметката на камата се врши месечно по пропорционална метода.

Провизии

 

·   500  денари за приматели на плата/пензија, односно 700 денари за неприматели на плата/пензија во Банката, за обработка на барање за кредит за физички лица;

·   При исплата на кредитот 0,5% од износот или минимум 500 денари;

·   За администрирање на кредитот 0,2% на остатокот од долгот (годишно, однапред на главниот долг на кредитот);

·   Без провизија за предвремена делумна отплата;

·   Без провизија за предвремена целосна отплата;

·   Надомест за измена на обезбедување за кредити за физички лица, 1% манипулативини трошоци еднократно, на преостанатиот износ од кредитната изложеност за кое се менува обезбедувањето, максимум 6.000 денари.

СВТ

·   Преглед на СВТ

Обезбедување

За I и II категорија - приматели и неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка:

Плата

Обезбедување

Износ на кредит

>25.000 денари

Без жиранти

До 300.000 денари

>15.000 ≤ 25.000 денари

Без жиранти

До 200.000 денари

1 (еден) жирант

Од 200.001 денар до 300.000 денари

≤15.000 денари

Без жиранти

До 150.000 денари

1 (еден) жирант

Од 150.001 денар до 200.000 денари

2 (двајца) жиранти

Над 200.001 денар

 

За категорија Премиум СМАРТ (соодветно на максимален износ на кредит 300.000 денари): Без жиранти

За категорија Премиум ВИП: Без жиранти

Дополнително за сите категории:

·          Меница со менична изјава потпишана од кредитобарателот и жирантот/ите.

·          Административна забрана на плата од фирмата во која работи кредитобарателот и жирантот/ите  и согласност за активирање (доколку акционерското друштво/ буџетската државна институција/ јавното претпријатие ја издава).

·          Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на корисникот за приматели на плата, пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка.

Меница во форма на нотарски акт

За секоја поединечна кредитна изложеност на Банката кон физичко лице по основ на дозволено пречекорување на трансакциска сметка, кредитна картичка и/или потрошувачки кредит (освен хипотекарен) во износ над 300.000 денари за неприматели на плата преку Банката или над 400.000 денари за приматели на плата преку Банката, која е обезбедена со меница, меницата мора да биде во форма на нотарски акт.

Потребни документи

·    Апликација за кредит;

·    Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот и жирантите;

·    Потврда за редовен работен однос, податоци за плата и обврски од платата за кредитобарателот и жирантите;

·    за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци;

·    Фотокопија од последна платена сметка за струја за кредитобарателот;

·    За пензионери последен чек од пензија (од ПИОМ);

·    Договор/потврда/пресметка/фактура или сл. од образовната институција.

Исплата

·    Во корист на трансакциска сметка на образовната институција преку трансакциска сметка на корисникот на кредитот (по доставена потврда за упис и вкупно вредност на школувањето која се утврдува во согласност со договор, потврда / пресметка / фактура и сл.).

 

 

Пример

Вид на кредитот

Наменски потрошувачки кредит за школување, за вработени во буџетски институции и акционерски друштва, приматели на плата (Премиум СМАРТ Пакет), 7,5% прилагодлива годишна каматна стапка.

Износ

100.000 денари

Рок на отплата

24 месеци

Износ на ануитет

4.500 денари

Начин на отплата

-Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.

-Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.

Каматна стапка

7,5% прилагодлива годишна каматна стапка

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

8,60%

Вкупен износ за плаќање

108.799 денари

Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:

Износ на кредитот

100.000 денари

Вкупен износ на камата за кредитот

7.995 денари

Надомест за одобрување на кредитот

500 денари (0,50% мин. 500 денари)

Надомест за администрирање на кредитот

304 денари (0,2% на остатокот од долгот годишно, однапред на главниот долг на кредитот)

Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:

Надомест за обработка на барање

500 денари *Овој трошок не влегува во СВТ.

Трошок за проценка на вредноста на недвижниот имот

Не е познат *Овој трошок не влегува во СВТ.

Нотарска награда за солемнизација на договорот за залог

Не е познат  *Овој трошок не влегува во СВТ.

Трошок за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во соодветната јавна книга

Не е познат  *Овој трошок не влегува во СВТ.

Трошок за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици

Не е познат  *Овој трошок не влегува во СВТ.

Датум на пример

1.6.2016

 

 

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција Деловна Мрежа

Тел. 02/ 32 47 000 лок. 480

e-mail. bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 1.1.2017 година.


 

Промена на пасивните каматни стапки на физички и правни лица од 1.2.2017 година
Интервју со проф. д-р Драгољуб Арсовски, Претседател на Управниот Одбор на ТТК Банка во месечниот бизнис магазин "Економија и бизнис"

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување