Со манифестацијата одржана во "Александар Палас" на 01.11.2013, свечено беше означена успешната реализација на едногодишниот проект "Спортски бонтон".

Преку доделување "Благодарница за придонес во проектот" на свечениот настан, организаторот јавно изрази благодарност до ТТК Банка.
Преку учење за спортот, проектот "Спортски бонтон" промовираше социјална и етничка интеграција меѓу најмладите - децата и овозможи стекнување вештини и знаење за однесување во животот, учење и почитување на различностите. Проектот се реализираше во соработка со општините Кавадарци, Росоман, Центар Жупа, Теарце, Валандово и Аеродром, под покровителство на претседателот на Република Македонија - Ѓорге Иванов и беше активно поддржан од ТТК Банка.
ТТК Банка како општествено одговорна компанија, преку своето присуство ги едуцираше најмладите за придобивките од штедењето и подели голем број едукативни подароци.