Намалени каматни стапки на депозитите за физички и правни лица
Со важност од 1.3.2016 година, ТТК Банка ги намали каматните стапки на денарските и девизните депозити за физички и правни лица, а во согласност со пазарните услови.
Каматните стапки на депозитите за физички лица се намалени од 0,01 до 0,40 процентни поени, додека каматните стапки на депозитите за правни лица се намалени од 0,01 до 0,50 процентни поени.
Новите каматни стапки за физички и правни лица се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити, со важност од 1.3.2016 година.
Новите каматни стапки на депозитите се објавени на интернет-страницата на Банката, како и на огласните табли во експозитурите и филијалите на Банката.
*објавено на 2.3.2016 година. |