македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Соопштенија за јавност 2010

ТТК Банка со нова организациона поставеност, поефикасно работењe и атрактивни производи и услуги поблиску до корисниците

 

На одржаната средба со медиумите на 10.03.2010, д-р Драгољуб Арсовски, претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка, ги презентираше резултатите од изминатата година, новата организациска поставеност како и членовите на менаџментот. Банката се води од основните банкарски принципи ликвидност, профитабилност, сигурности стабилност. Примената на стандардот на корпоративното управување - јасни процедури и правила на работење придонесува за зголемување на оперативната ефикасност, елиминирање на ризиците на работењето и повисока репутација на Банката. Долгогодишното искуство во банкарското работење налага проактивен пристап, како и приспособување на ситуацијата на пазарот. За таа цел, ТТК Банка прави чекори и се стреми да биде модерна банка која ќе одговори на барањата на корисниците.

 

Во согласност со новата поставеност и новите процедури за одобрување кредити, Банката овозможува на корисниците побрзо да дојдат до кредит. Дополнителна предност е и централизираниот маркетинг и развој на производи што резултираше со значително проширување на  производното портфолио во изминативе два месеци.

 

ТТК Банка ги најави новите производи со атрактивни каматни стапки, олеснето обезбедување како и намалени и ниски провизии за одобрување кредити.

Со многу поповолни услови и поголема достапност, граѓаните ќе можат да аплицираат за новиот екстра брз Easy кредит, за подостапните автомобилски, ненаменски потрошувачки, новиот кредит за школување Индекс, како и новиот станбен кредит.

Намалени се и каматните стапки и продолжени се роковите на другите кредити.

 

Новиот, лесен и брз, „Easy credit“ е ненаменски потрошувачки кредит до 300.000 денари, наменет за физчките лица. Предност за корисниците на Easy кредитот претставува брзата и едноставна постапка на одобрување, олеснето обезбедување - без жиранти за приматели на плата преку ТТК, како и најниски провизии при одобрување на кредитот. За приматели на плата преку ТТК Банка, кредитот е достапен без жиранти и нуди конкурентна каматната стапка од 13% со долг рок на отплата до 72 месеци.

 

За оние кои сакаат да се школуваат и да напредуваат во животот, ТТК Банка го воведува кредитот за школување – Индекс, кој овозможува олеснети услови за плаќање на годишната школарина, флексибилност во обезбедувањето и во отплатата. Кредитот е достапен годишно до 200.000 денари со годишна каматна стапка од 12% до 13%, со рок на отплата до 12 месеци и за приматели на плата преку банката – без жиранти.

 

Банката пласира и станбени кредити со ниски каматни стапки, почнувајќи од само 8%, за износи до 50.000 евра и на рок од 15 години, со поволни услови.

 

Полесно и брзо до автомобил, без жиранти, со новите автомобилски кредити со ниски провизии и каматни стапки, почнуваќи од 8,45%.

 

Корисниците имаат можност да плаќаат на рати со дебитната картичка Visa Electron без провизија, како и користење на Visa кредитни картички без годишна членарина.

Исто така, за сите корисници на картички, ТТК Банка ја прошири листата на партнери во рамките на Партнер програмата, каде што корисниците може да добијат попуст или бенефиции при купувањето.

 

Правните лица полесно и побрзо може да дојдат до средства преку краткорочниот Компас кредит или да ги искористат најповолните провизии за новите акредитиви и гаранции.

 

За правните лица, ТТК Банка го воведува новиот кредит - Компас, со што обезбедува атрактивни услови за сите клиенти кои имаат активна жиро-сметка во Банката и активно го спроведуваат платниот промет во Банката. Компас кредитот се одобрува по атрактивна каматна стапка од 12%-13%. Максималниот износ на кредитот изнесува 300.000 денари за временски период од 6 и 12 месеци и е наменет за брзо „снаоѓање“ на малите компании за потребните средства.

 

Во рамките на документарното работење, ТТК Банка воведува нови производи за документарно работење – конфирнмирани акредитиви и гаранции со најниски провизии.


 

Известување за исплата на паричните права од социјална заштита од 4-ти август
Известување за предвремена исплата на јулски пензии од 28-ми јули 2020 година
ТТК Банка АД Скопје со нови промотивни депозити за штедачите - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година
ТТК Банка донираше компјутери за ученици од социјално ранливи семејства
Јавен повик за учество на XXXIV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за промена на договорните услови за кредитните производи на правни лица
Известување за понудата за одложување на плаќањето на кредитните обврски на клиентите - физички лица
ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување