Известување за престанок со работа на Експозитурата на ТТК Банка во Карпош 4
Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК БАНКА АД Скопје, донесена на 27.02.2013 год. Експозитурата на ТТК БАНКА АД Скопје во Карпош 4 ќе престане со работа, заклучно со датум 31.03.2013 год.
Сите корисници на производите и услугите на ТТК БАНКА АД Скопје од експозитурата во Карпош 4 може да се обратат во која било од другите филијали / експозитури на ТТК БАНКА во Скопје. |