македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Картички

КОРИСНИ СОВЕТИ И ИНФОРМАЦИИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА КАРТИЧКИТЕ ОД ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ 

МЕРКИ ЗА ПОГОЛЕМА СИГУРНОСТ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА КАРТИЧКАТА

·         Веднаш потпишете ја картичката по нејзиното подигање на задната страна во просторот предвиден за тоа.

·         Внимавајте на сигурноста на вашата картичка. Не оставајте ја на видни места од кои може да биде украдена и не позајмувајте ја на други лица.

·          Информирајте нè веднаш за промена на вашите лични податоци (презиме, адреса, контакт-телефон...).

 

 ТАЈНОСТ НА ПИН-КОДОТ

·         Вашиот PIN-код чувајте го на сигурно место. Не го кажувајте никому, дури ни на вработени во Банката или во полиција.

·         Запомнете го ПИН-кодот - никогаш не го запишувајте и не го чувајте на исто место со вашата картичка.

 

 ЗАШТИТА ПРИ ПОДИГНУВАЊЕ ГОТОВИНА НА БАНКОМАТ

·         Пред употреба на картичката на банкомат, уверете се некој да не стои зад вас.

·         Внимателно следете ги барањата наведени на екранот од банкоматот.

·         Покријте ја Вашата рака додека го внесувате PIN-кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.

·         Никогаш не прифаќајте помош од други лица при употребата на картичката на банкомат.

·         На крајот од трансакцијата не заборавајте да ја земете вашата картичка од банкоматот.

·         Доколку се посомневате во веродостојноста и изгледот на банкоматот, веднаш напуштете ја локацијата.

 ЗАШТИТА ПРИ КУПУВАЊЕ НА ПРОДАЖНО МЕСТО

·         Кога купувате на продажно место со картичката, внимателно следете го извршувањето на целата трансакција со вашата картичка и инсистирајте што побрзо да ви ја вратат картичката.

·         Проверете ги износите на трансакциите за да се осигурате дека е точен износот кој го одобрувате со внесувањето на PIN-кодот и вашиот потпис

·         Покријте ја вашата рака додека го внесувате PIN кодот на POS терминалот на продажното место за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.

 

 ЗАШТИТА ПРИ КУПУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ / ТЕЛЕФОН

·         Никогаш не го внесувајте ПИН-кодот на интернет-страницата бидејќи тој никогаш не е потребен за реализирање нарачка.

·         При купување преку интернет најчесто продавачот ги бара следните податоци: име и презиме, адреса, број на картичката, код за валидација или 3 digit value (се наоѓа на задниот дел од картичката) и рокот на важност на картичката.

·         Купувајте само од интернет-страници на проверени компании во кои имате доверба. Осигурајте се дека интернет-страницата на која ги внесувате податоците од вашата картичка е безбедна - побарајте сликичка од клуч или заклучено катанче на долниот десен дел од екранот и проверете дали интернет-адресата започнува со https:// наместо со http://.

·         Водете евиденција на интернет-страниците од кои купувате. Многу интернет-продавници доставуваат e-mail до купувачот со сите податоци од нарачката - испечатете примерок од неа. Побарајте телефонски број и e-mail за контакт со продавачот и запишете ги.

·         Доколку го откажувате плаќањето, задолжително побарајте број со кој се потврдува откажувањето на плаќањето, за да избегнете плаќање за веќе откажано плаќање.

 

 СОВЕТИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ МОЖНА ЗЛОУПОТРЕБА НА КАРТИЧКАТА

·         Чувајте ги потврдите од трансакциите на продажни места и од подигната готовина на банкомати и истите споредете ги со податоците од месечниот извештај за картичката.

·         Редовно и внимателно проверувајте ги месечните извештаи, дури и во случај да не сте ја користеле картичката во тековниот месец.

·         Доколку забележите трансакција во месечниот извештај која е погрешна или на која не можете да се сетите, веднаш контактирајте ја Банката на тел. +3892 32 47 009.

·         Никогаш не го давајте бројот на вашата картичка преку телефон, освен ако се работи за контакт со одговорно лице од вашата банка.

  

Доколку ја изгубите или ви ја украдат картичката, ве молиме веднаш пријавете во контакт-центарот на телефонскиот број +389 2 32 47 000 лок. 016.


 

О Г Л А С за продажба на моторно возило по пат на прибирање писмени затворени понуди
Оглас за вработување - ИТ Консултант
Известување за летно работно време – од 1.7.2017 година до 31.8.2017 година
СУПЕР Станбен кредит со СУПЕР фиксна каматна стапка од 2,85% во првите три години
СЕГА Е ЛЕСНО, со ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години
Интервју со проф. д-р Драгољуб Арсовски, Претседател на Управниот Одбор на ТТК Банка во месечниот бизнис магазин "Економија и бизнис"

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување