македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Соопштенија за јавност 2010

Лидери на општествена одговорност 2009 - ЦИРА

На 27-ми мај, во М6 Едукативниот центар во Скопје, свечено беа доделени наградите „Лидери на општествена одговорност“ во организација на Центарот за институционален развој. Наградата за лидери на општествена одговорност се доделува на претпријатија кои својата работа ја темелат на принципите на одговорно дејствување и се пример за просперитет на бизнисот и позитивни промени во општеството.

Целта на доделувањето на наградите е да промовираат позитивни практики на општествено одговорно дејствување и да инспирираат воведување натамошно унапредување на општествена одговорност кај претпријатијата во Македонија.

ТТК Банка, во конкуренција на голем број фирми со различни проекти, ја доби наградата за Лидери на општествена одговорност во категоријата „Корпоративна филантропија“ во категоријата средни претпријатија. Наградата во оваа категорија беше доделена на ТТК Банка за 2009 година, поради сеопфатниот придонес кон подобрување на животот во заедницата поради поддржани иницијативи од големо значење за жителите во оваа заедница.

Во рамките на својата посветеност да биде општествено одговорна институција, ТТК Банка конкурираше за наградата со превземените активности и проекти во текот на 2009 година на полето на културата, спорот и најбитно за активностите кои ги поддржаа најмалите, децата. Комуникацијата за која ТТК Банка ја остваруваше, како кон јавноста така и кон вработените, придонесува кон промоција на општествената одговорност и придонесува кон развојот и посветеноста на вработените при остварување на целите на Банката.

Активната поддршка на ТТК Банка се препознава во разни активности на спонзорства и донации на Банката во културата, спортот и образованието, за што Банката ја има добиено Националната награда за општествено одговорна компанија во Р. Македонија за 2008 година. ТТК Банка аплицираше со проектот „Во поддршка на најмалите“, кој го реализираше во неколку етапи во текот на 2008 година.

ТТК Банка ќе продолжи и во иднина да ја следи својата стратегија на општествено одговорна компанија во која се дефинирани вредностите кои ги застапува во своето секојдневно работење: доверба, традиција, ентузијазам, искуство и знаење, иновативност, тимски дух и професионалност.


 

Известување за исплата на паричните права од социјална заштита од 4-ти август
Известување за предвремена исплата на јулски пензии од 28-ми јули 2020 година
ТТК Банка АД Скопје со нови промотивни депозити за штедачите - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година
ТТК Банка донираше компјутери за ученици од социјално ранливи семејства
Јавен повик за учество на XXXIV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за промена на договорните услови за кредитните производи на правни лица
Известување за понудата за одложување на плаќањето на кредитните обврски на клиентите - физички лица
ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување