Известување за затворање на јавната понуда на хартии од вредност по основ на постигнат процент на успешност
Издавачот ТТК Банка АД Скопје известува дека на ден 11.2.2020 година заврши втората емисија на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница по пат на јавна понуда.
Јавната понуда на хартии од вредност е одобрена со Решение за давање одобрение за издавање долгорочни должнички хартии од вредност по пат на јавна понуда - втора емисија на корпоративна обврзница УП 1 број 10-91 од 27.12.2019 година, односно со Решение за давање одобрение за измени на Проспектот за издавање долгорочни должнички хартии од вредност по пат на јавна понуда - втора емисија на обврзници бр. УП 1 број 10-2 од 20.1.2020 година на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија. Поканата за запишување и уплата на хартии од вредност беше објавена во дневниот весник „Вечер“ на ден 24.1.2020 година, а на интернет-страницата на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје на ден 24.1.2020 година, кога беше објавен и Проспектот за запишување и уплата на хартиите од вредност.
Во Проспектот за запишување и уплата на хартиите од вредност, издавачот ТТК Банка АД Скопје предвиде процент на запишани и платени хартии од вредност од 60% за да јавната понуда се смета за успешно завршена.
Заклучно со 11.2.2020 година, од понудените 1.500 долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница од втора емисија, продадени се вкупно 1.500 долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница од втора емисија, во вкупен износ од 1.500.000,00 евра, односно 92.477.396,00 денари по среден курс на НБРСМ на денот на уплатата со што процентот на реализација на јавната понуда изнесува 100%.
Со ова, а врз основа на член 23 став 3 од Законот за хартии од вредност може да се смета дека процентот на успешност на јавната понуда на хартии од вредност е постигнат, заради што ТТК Банка АД Скопје одлучи да ја затвори јавната понуда на хартии од вредност. Последен датум на кој ќе се примаат уплати за хартиите од вредност од јавната понуда односно ден на завршување на јавната понуда е 11.2.2020 година.
*објавено на 13.2.2020 година |