ТТК Банка со поповолни услови, каматни стапки и провизии
ТТК Банка ги намали каматните стапки на потрошувачките кредити и воведе посебни пакети за приматели на плата во банката.
Од 15.12.2011 год, ТТК Банка ги намали каматните стапки кај потрошувачкиот и хипотекарниот кредит и до 2 процентни поени. Каматната стапка на потрошувачкиот кредит е намалена и изнесува 10,00% или 11,00% за приматели на плата преку Банката. Каматната стапка кај хипотекарниот кредит е намалена и изнесува 8,00% за корисници кои се приматели на плата преку Банката. Кај потрошувачкиот кредит продолжен е и рокот на отплата од 5 на 7 години.
Дополнително, ТТК Банка, креираше и два пакети за приматели на плата во Банката- Премиум СМАРТ и ВИП пакетите нудат пониски каматни стапки за кредити (потрошувачи, хипотекарни), пониски провизии и поповолни услови за користење на картички. Смарт е пакет достапен за вработени во државни институции и акционерски друштва, а Премиум ВИП пакетот за корисници со повисоки месечни примања. |