ТТК Банка АД Скопје во поддршка на конференцијата „Marketing Talks@UACS“ во организација на Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје
На 13 декември 2018 година, во Сити Хол Центар во Скопје, се одржа Првата конференција за применети трендови во маркетингот и комуникациите, во организација на Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје - УАКС.
Еминентните и искусни претставници од 7 успешни маркетинг компании едуцираа за трендовите, преку најдобрите маркетинг практики и преку апликативни примери.
Настанот беше одлична можност за размена на идеи меѓу домашните експерти и пријавените учесници.

*објавено во декември 2018 година. |