Корисници |
· Државјани на Република Северна Македонија, деловноспособни лица над 18 години, кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време во јавна администрација и бонитетни претпријатија и институции прифатливи за Банката, кои примаат плата преку ТТК Банка. |
Критериуми |
-
Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
-
Кредитобарателот треба да има редовни месечни приливи по основ на плата во последните 12 месеци.
-
Банката одобрува кредити на физички лица кои се кредитоспособни со минимален износ на месечни примања од 12.000 денари остварени во Р. Северна Македонија и кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 67 години.
-
Кредитобарателот да нема активна кредитна партија за овој вид кредитен производ.
-
Во кредитот не може да се вклучат ко-кредитобаратели.
-
Кредитобарателот да биде класифициран во А или Б категорија на ризик по основ на сите изложености во последните 24 месеци.
-
Да нема постоење на долг по различни основи во вкупен износ од над 10.000,00 денари (неплатени даноци, долг за испорачани добра и услуги и друго) во согласност со извештај од Македонско Кредитно Биро. |
Износ |
· Од 15.000 денари до 60.000 денари. |
Валута |
· МКД. |
Начин на отплата |
· Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на секој 1-ви од месецот.
· Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата. |
Рок на отплата |
· Од 6 до 12 месеци. |
Каматна стапка |
· 6,5% годишна фиксна каматна стапка. |
Казнена каматна стапка |
· 9,5% годишна прилагодлива каматна стапка (законска казнена) за достасани, а неподмирени обврски. |
Метод и период на пресметка на камата |
· Пресметката на камата се врши месечно по пропорционална метода. |
Провизии
|
· При исплата на кредитот 600 денари.
· Без провизија за обработка на барање за кредит за физички лица.
· Без провизија за администрирање на кредитот.
· Без провизија за предвремена делумна отплата.
· Без провизија за предвремена целосна отплата. |
Обезбедување |
· Без жиранти.
· Без меница. |
Потребни документи |
· Електронска апликација за кредит внесена преку електронско банкарство.
· Преддоговорни информации за кредит.
· Потврда за месечни примања во случај просечната месечна плата во последните 12 месеци внесена во апликацијата да се разликува од истата која е системски пресметана. |
Документи за наплата |
· Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на корисникот, примател на плата/пензија преку ТТК Банка. |
Исплата |
· На трансакциска сметка на корисникот на кредитот. |