македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Соопштенија за јавност 2020

Известување за одложување на Собрание на акционери и за исплата на дивиденда

 

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите акционери дека, врз основа на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба донесена од страна на Владата на РСМ („Сл. весник на РСМ“ бр. 79 од 26.3.2020 година), одржувањето на Собранието на акционери на Банката закажано за ден 31.3.2020 година се одложува за време на траењето на вонредната состојба.По завршување на вонредната состојба, ТТК Банка АД Скопје ќе објави нов датум на одржување, односно продолжување на закажаното Годишно собрание на акционери.

До донесувањето на Уредбата на Владата на РСМ, во сoгласност со препораките на Комисијата за хартии од вредност на РСМ за учество и гласање на Собранието по пат на кореспонденција, заклучно со 27.3.2020 година, 67,6% од акционерите на Банката веќе гласаа за предложените Одлуки.

 

Врз основа на овој висок процент на акционери кои се изјаснија за предложените одлуки на закажаното акционерско собрание на Банката, Управниот одбор и Надзорниот одбор на ТТК БанкаАД Скопје сметаат дека Банката треба да остане на Одлукатаза распоредување на добивката од 2019 година што е веќе предложена на Собранието на акционери. Поткрeпа на ваквиот деловен став на надлежните органи на Банката е и досегашното успешно реализирање на сите зацртани стратешки развојни и деловни активности на Банката во изминатиот период коешто резултира со одржување долгорочна стабилност и подготвеност за апсорпција на ризиците.

 

Дополнително, кон крајот на третиот квартал од 2019 година и почетокот на првиот квартал од 2020 година, ТТК Банка АД Скопје издаде две долгорочни корпоративни обврзници во износ од по 1,5 милиони евра или вкупно 3 милиони евра, сѐ со цел прудентно управување со капиталната позиција на Банката. Во исто време, ТТК Банка АД Скопје постојано издвојува и дел од добивката во резерви. Сето ова влијае на зголемувањето на сопствениот капитал на Банката и во согласност со предложената Одлука,  капиталот на Банката ќе достигне износ од 1.173 милиони денари или 19 милиони евра. Ова за ТТК БанкаАД Скопје претставува солидна капитална основаи гаранција за успешно соочување со очекуваните евентуални негативни движења и последици врз стопанството коишто ќе ги предизвика кризата на светската пандемија со вирусот Covid-19.

 

ТТК Банка АД Скопје е речиси целосно во сопственост на домашни акционери. Со состојба на 29.2.2020 година, 99,3% се домашни акционери и само 0,7% се странски акционери. Речиси целиот износ на предвидената дивиденда ќе биде исплатен на домашни правни и физички лица. Според сегашната состојба на акционерската книга, дивидендата ќе им биде исплатена на 1.813 домашни физички лица во нето износ од 33,8 милиони денари, на 131 домашни правни лица во износ од 61,6 милиони денари и ќе биде исплатен данок кон Буџетот во износ од 3,8 милиони денари. Во согласност со ова, ќе се подобри ликвидноста на сите овие субјекти, вклучувајќи го и Буџетот на државата.

 

Реализацијата на Одлуките предложени за седницата на Собранието на Банката за кои како што кажавме веќе се изјаснија 67,6% од акционерите на Банката по пат на коресподенција и исплатата на дивидендата очекуваме да се случат по завршувањето на вонредната состојба во РСМ и по продолжувањето на Собранието на акционерите на Банката или кога за тоа ќе се создадат законски услови со Уредбата за примена на Законот за трговските друштва.

 

*30.3.2020 година


 

Известување за исплата на паричните права од социјална заштита од 4-ти август
Известување за предвремена исплата на јулски пензии од 28-ми јули 2020 година
ТТК Банка донираше компјутери за ученици од социјално ранливи семејства
Известување за исплата на паричните права од социјална заштита од 4-ти јули
Јавен повик за учество на XXXIV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година
ТТК Банка АД Скопје со нови промотивни депозити за штедачите - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Известување за промена на договорните услови за кредитните производи на правни лица
Известување за понудата за одложување на плаќањето на кредитните обврски на клиентите - физички лица
ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување