македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити со ризико животно осигурување за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Соопштенија за јавност 2020

Можност за купување македонски акции без трошоци преку ТТК Банка АД Скопје на „Инвеститорски ден“ на 18 септември

 

 

На 18 септември, сите домашни физички лица ќе можат да тргуваат со акции на Берзата, без плаќање трансакциски трошоци.

По повод одбележувањето 25 години од основачкото собрание на Македонска Берза АД Скопје, Берзата иницира одржување т.н. „Инвеститорски ден“ што ќе се одржи на 18-ти овој месец.

 

 

Во рамките на „Инвеститорскиот ден“, сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци, односно без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива.

 

При тоа ќе треба да бидат исполнети следните услови: инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот; износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен; и трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.

 

Иницијативата „Инвеститорски ден“ има за цел промовирање уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување од страна нанаселението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонската Берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава.

 

Се планира овој настан да стане традиција на македонскиот пазар на хартии од вредност и да продолжи да се организира редовно и во иднина.

 

Во согласност со решението на Комисијата за хартии од вредност, ТТК Банка АД Скопје настапува како овластен учесник на пазарот на капитал од 2003 година. Тргувањето се извршува во регистрираните простории на Одделот за работа со хартии од вредност на Банката во Скопје, а налози од клиенти се примаат во сите филијали и експозитури на Банката ширум Републиката.

 

Во соработка со овластените брокери на Банката, инвеститорите имаат можност да го креираат деловното портфолио и да го реализираат планот за инвестирање.

 

За повеќе информации заинтересираните инвеститори можат да се обратат во експозитурите и филијалите на Банката, или пак во Одделот за работа со хартии од вредност на Банката, на телефонскиот број 02/32 47 000 локал 495 и 496.

 

* објавено на 11.9.2020 година

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување