македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

Соопштенија за јавност 2018

Во посета на највозрасниот пензионер, клиент на ТТК Банка АД Скопје - филијала Струмица

 

 

Веќе 10 години струмичанецот Илија Николов – Моторетката (100) ја зема својата пензија во ТТК Банка АД Скопје – филијала Струмица. На 21 септември 2018 година поранешниот фудбалер на ФК „Беласица“го прослави својот 100-ти роденден, во кругот на своите најблиски.

 

Впрочем, тој, дедо Илија, е и највозрасниот пензионер кој ја зема својата пензија преку ТТК Банка АД Скопје филијала Струмица.

 

Пренесуваме дел од впечатокот од средбата на дедо Илија со вработените од филијалата Струмица:

 

„Сè уште витален нè пречека нас, вработените од филијалата Струмица, во неговиот дом во центарот на Струмица. Го посетивме по повод неговиот роденден за да му посакаме добро здравје уште многу години потоа.  Ни раскажа дека потекнува од стара струмичка фамилија. Роден е на 21 септември, на празникот Мала Богородица, којшто особено се празнува во струмичкиот регион. Како дете бил љубител на фудбалот, за подоцна да стане и играч во ФК „Беласица“ каде што го добива прекарот „Моторетката“, токму поради неговите брзи движења и дриблинзи на терен. Бил миленик на публиката. Неговата сопруга била познат производител на домашни јоргани коишто и до ден денес се паметат и спомнуваат. Некогашен градежен работник во градежното претпријатие ГП „Пелагонија“. Семеен човек, има син и ќерка, а од поодамна живее со неговата ќерка која исто така е пензионер и клиент на Банката. Корисници се на неколку производи од Банката и се задоволни од досегашната грижа и услуга кон нив. 100% од финансиските работи ги завршува преку ТТК Банка АД Скопје.

 

Неговата насмевка, гостопримството и струмичкиот дијалект ја опуштија атмосферата, а кафето за добредојде го испивме во дворот од неговиот дом. Од разговорот со него ни кажа дека го посетиле и некогашните членови на клубот од ФК „Беласица“. Дедо Илија бил единствениот фудбалер во Македонија кој прославил 100 години.

Со голема возбуда и среќа ги прими подароците што за него ги подготви ТТК Банка АД Скопје. Пред да замине на маалски муабет кај неговите соседи, нè испрати со насмевка и благодарност до тимот на филијалата Струмица, за навремената информираност и грижа кон него и воопшто кон корисниците.

 

Со почит,

ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на девизните депозити на физички лица во евра

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување