Известување за еднократен отпис на долгови
Почитувани,
Ве информираме дека во согласност со Законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните, барањата ќе ги поднесувате во општинските центри за социјални работи. Барањето за отпишување на долг ќе можете да го поднесете по објавување оглас во (3) три дневни весници, од страна на Министерството за финасии на Р.М., и тоа во текот на месец септември.
По објавување на огласот, имате можност во рок од 30 дена да го поднесете барањето со целокупната потребна документација во општинските центри за социјални работи. Одлучувањето по вашите барања ќе го врши посебно формирана државна комисија, а потоа ќе се известуваат банките и другите доверители кои го прифатиле отпишувањето.
Во согласност со горенаведеното, во следниот период треба да следите објавување на оглас- повик за пријавување отпис на долг. Огласот ќе биде објавен во 3 (три) дневни весници во текот на месец септември.
Со почит, ТТК Банка АД Скопје
*11.8.2014 |