македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити со ризико животно осигурување за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Соопштенија за јавност 2020

Мартовските пензии на располагање од 26 март, четврток

Почитувани,

Ве известуваме дека TTK Банка АД Скопје овозможи пензијата за месец март да биде на располагање почнувајќи од 26 март 2020 година, четврток, за сите пензионери кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

Во услови на засилени мерки за спречување на ширењето на корона вирусот (Covid-19), кога  е потребно да се намали подигањето и употребата на готовината, како приматели на пензија на сметка во ТТК Банка АД Скопје, Ви препорачуваме користењето на пензиите да го реализирате со Visa картичките на ТТК Банка АД Скопје со можност за бесконтактно плаќање и плаќање преку интернет како и преку услугите и поволностите на електронското и мобилно банкарство со 24/7 бесплатен пристап и увид во трансакциската сметка и без трошоци за денарски трансакции  до 30.4.2020 година! 

При неодложна потреба за готовина, подигнувањето на Вашата пензија може да го извршите преку мрежата банкомати на ТТК Банка АД Скопје 24/7, така што при користењето на банкоматите потребно е да ги применувате сите заштитни мерки против ширењето на вирусот.

Подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да го реализирате во сите експозитури, секој работен ден, од понеделник до петок почнувајќи од  8 часот.  Во овој случај на неопходна посета на експозитура Ве молиме да ги почитувате правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во редот и помеѓу редовите во експозитурата.

Со почит,

ТТК Банка АД Скопје

*23.3.2020 година

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување