Нови поволности и изненадувања за сите штедачи во ТТК Банка!
Почнувајќи од 15-ти октомври, ТТК Банка им понуди на корисниците поинаков, полесен и подобар начин да заштедат граѓаните. Со новата и промотивна понуда на TТК Банка - Турбо депозит, кој е достапен во денари и евра, штедачите ќе добијат турбо високи каматни стапки и поволни услови за штедење.
Граѓаните кои ќе ги орочат своите средства во рамките на промотивниот Турбо депозит во денари, ќе добијат неверојатни годишни каматни стапки, и тоа 7,50% фиксна каматна стапка на период од 15 месеци, или променливи 8,00% на 25 месеци и 8,50% на 35 месеци.
ТТК Банка подготви поволни годишни каматни стапки за Турбо депозитот во евра, и тоа почнувајќи од 3,50% фиксна каматна стапка за период од 15 месеци, или променливи 4,50% за 25 месеци и 5,50% за 35 месеци.
Промотивниот период на Турбо депозитот важи до 31.12.2011 год.
По повод Денот на штедење (31-ви октомври), од 15.10 до 15.11.2011, ТТК Банка ќе организира „Месец на штедење во ТТК“, што ќе се одбележи со многубројни активности и настани низ државата, подароци во експозитурите, едукативни посети на децата од детски градинки, сè со цел да се потенцира важноста и потребата од штедењето, да се поттикне штедењето. Дополнително, ТТК Банка ќе организира и можност за сите корисници на „Фејсбук“ да придонесат со свои сугестии и совети за штедење кои ќе можат да ги постираат на фејсбук-страницата на Банката www.facebook.com/ttkbanka. За сите учесници следуваат изненадувања.
ТТК Банка повторно потврдува дека е инвентивна банка и ги следи потребите на корисниците.
31-ви октомври е прогласен за светски ден на штедењето, кој се слави како сеќавање на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците одржан на овој ден во 1924 година во Милано. Учесниците на Конгресот се согласиле дека штедењето е многу потребно за развој на човештвото. Таа одлука е донесена од страна на 350 делегати од 27 земји, кои претставувале стотина милиони штедачи. |