Шарпланински куп за деца, Попова Шапка на 21-ви и 22-ри март 2015 година со поддршка на ТТК Банка
ТТК Банка, како општествено одговорна компанија, со огромно задоволство, во улога на генерален спонзор, го поддржува Шарпланинскиот скијачки куп за деца, кој ќе се одржи на Попова Шапка, на 21-ви и 22-ри март 2015 година.
Радоста и ентузијазмот се огромни затоа што Банката поддржува спортски настан, чии учесници се деца на возраст од 6 до 16 години, со надеж дека ќе прераснат во вистински професионалци кои во иднина достојно ќе ја претставуваат Р. Македонија во меѓународни размери, а притоа влијае на свеста за јакнење на спортскиот дух и здравиот начин на живот кај најмладите.
Годинава, ТТК Банка ќе дејствува во насока на продолжување на својата стратегиска определба активно да го помага растот и унапредувањето на заедницата, преку реализација на повеќе општествено одоговoрни проекти во областа на спортот, образованието и културата.
Ги покануваме сите љубители на спортот, снегот и на природата, во претстојниот викенд, да го збогатат настанот со своето присуство, да уживаат во позитивна натпреварувачка атмосфера, како и во прекрасните пејзажи на Шар Планина.





*18.3.2015 |