ТТК Банка добитник на Награда за корпоративна филантропија за 2011 година
Центарот за институционален развој (ЦИРА) по петти пат ги додели наградите за филантропија и општествена одговорност за 2011 година, на компаниите кои практикувале општествено одговорни практики во одредени категории.
ТТК Банка, како финансиска институција која континуирано поддржува општествено одговорни проекти и активности, е добитник на Наградата за корпоративна филантропија за 2011 година, во категоријата средни претпријатија.

ТТК Банка веќе неколку години по ред поддржува голем број институции, организации и поединци, со што заеднички придонесоа кон развојот на претприемаштвото и start up бизнисите, редовно и нормално образование на најмладите, полесна социјализација на лицата со посебни потреби, како и зачувување на културното наследство и идентитет на Р. Македонијa
ТТК Банка беше наградена за проектите:
- Претприемаштвото - двигател на развојот на економијата;
- ТТК Банка за најмладите;
- Поддршка во зачувување на културното наследство

Наградата ја прими г-ѓа Елена Младеновска-Јеленковиќ, која изјави дека ТТК Банка е горда на овие награди кои во изминатиот период се доказ дека Банката е лидер во оваа област. Овие награди се мотив за Банката, но треба да претставуваат мотив и за другите субјекти во промоција и спроведување општествено одговорни практики. |