македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

СУПЕР Станбен кредит со фиксна каматна стапка од 2,85% во првите три години (без надоместок за одобрување до 31.12.2018 година)

Време е за нов стан! Сега поблиску од кога било до нов стан или куќа. Не пропуштајте ја можноста која Ви ја нуди СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка.

Дојдете и аплицирајте!

Без надоместок за одобрување на Супер станбен кредит до 31.12.2018 година!

·          НИСКА ФИКСНА каматна стапка за првите три години

·          БЕЗ НАДОМЕСТОК за обработка на барање

·          БЕЗ НАДОМЕСТОК за предвремена отплата со сопствени средства

·          ГРЕЈС ПЕРИОД до 12 месеци

·          10% СОПСТВЕНО УЧЕСТВО

 

Корисници

·     Државјани на Република Македонија,  деловно способни лица над 18 години, кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во јавна администрација и бонитетни претпријатија и институции прифатливи за Банката; пензионери;

·      Физички лица кои примаат/не примаат плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка.

Критериуми

·      Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот;

·      Во кредитот може да се вклучат кредитоспособни ко-кредитобаратели за кои важат истите услови како за кредитобарателот;

·      Банката одобрува кредити на физички лица кои се кредитоспособни и кои се:

-  во редовен работен однос, со минимален износ на месечни примања од 9.000 денари остварени во Р. Македонија и кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 67 години со исклучок на кредити обезбедени со хипотека на недвижен имот и/или меница со жирант за кои старосната граница изнесува 70 години;

-  пензионери кои примаат пензија од ПИОМ, со минимален износ на месечни примања од 8.500 денари и кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 70 години.

·       Да нема постоење на долг по различни основи во вкупен износ од над 10.000 денари (неплатени даноци, долг за испорачани добра и услуги и друго) во согласност со извештај од Македонско Кредитно биро.

Износ и Учество

·      Од 5.000 евра до 300.000 евра во денарска противвредност (до 200.000 евра во денарска противвредност во случај кога при анализа на кредитоспособноста се земаат во предвид дополнителни приходи кои можат да се документираат);

·      Oд 5.000 евра до 25.000 евра во денарска противвредност за реновирање, адаптација, реконструкција на станбен простор (до 20.000 евра во денарска противвредност во случај кога при анализа на кредитоспособноста се земаат во предвид дополнителни приходи кои можат да се документираат);

·      10% сопствено учество (% од вредноста на станот/куќата што се купува, гради, доградува, надградува);

·      Се земаат предвид  и претходно извршени уплати реализирани пред аплицирањето. Корисникот треба да обезбеди доказ за извршена уплата.

Намена на кредитот

·      За купување нов/стар стан, куќа од физичко или правно лице;

·      За изградба, доградба или надградба на станбен простор (стан или куќа);    

·      За реновирање, адаптација, реконструкција на станбен простор;

·      Можност за рефинансирање на станбен кредит од друга банка;

·      За купување земјиште за градба со приложена маркица за градба;

·      За купување, како и градба/доградба/надградба на деловен простор;

·      За купување превземени средства на Банката.

Валута

·    МКД со девизна клаузула (денарска противвредност на EUR според средниот курс на курсната листа на НБРМ кој важи на денот на исплатата на кредитот).

Начин на отплата

·     Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на први секој месец;

·    Кредитот се става во отплата на први наредниот месец од денот на исплатата.

Рок на отплата

    ·     Од 60 месеци до 240 месеци (до 180  месеци во случај кога при анализа на кредитоспособноста се земаат во предвид дополнителни приходи кои можат да се документираат) со вклучен грејс-период до 12 месеци;

·     Од 60 месеци до 180 месеци за деловен простор и земјиште во градба (до 120  месеци во случај кога при анализа на кредитоспособноста се земаат во предвид дополнителни приходи кои можат да се документираат) со вклучен грејс-период до 12 месеци;

   ·      Oд 60 месеци до 120 месеци за реновирање, адаптација, реконструкција на станбен простор (до 84 месеци во случај кога при анализа на кредитоспособноста се земаат во предвид дополнителни приходи кои можат да се документираат) без грејс-период.

Каматна стапка

Приматели на плата/пензија (од ПИОМ) во ТТК Банка 
(I категорија)

Неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) во ТТК Банка
 (II категорија)

ПОНУДА 1

3,85% годишна фиксна каматна стапка за првите пет години,

6 месечен ЕУРИБОР + 5,85 процентни поени, но не пониска од 5,85% годишна променлива каматна стапка по истекот на првите пет години

ПОНУДА 1

4,90% годишна фиксна каматна стапка за првите три години,

6 месечен ЕУРИБОР + 6,90 процентни поени но не пониска од 6,90% годишна променлива каматна стапка по истекот на првите три години

ПОНУДА 2

2,85% годишна фиксна каматна стапка за првите три години,

6 месечен ЕУРИБОР + 5,85 процентни поени, но не пониска од 5,85% годишна променлива каматна стапка по истекот на првите три години

 

/

 

·    За периодот од искористување на кредитот до денот на ставање на кредитот во отплата Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористување на кредитот.

Казнена каматна стапка

·    7,63% годишна променлива каматна стапка (законска казнена) за достасани, а неподмирени обврски.

Метод и период на пресметка на камата

·   Пресметката на камата се врши месечно со примена на пропорционална метода.

Надоместоци

 

·      БЕЗ НАДОМЕСТОК за обработка на барање за корисници приматели и неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) во Банката;

·      Надоместок за одобрување на кредитот:

o    до 30.000 евра - 1,25% од износот, минимум 6.000 денари;

o    над 30.000 евра - 1% од износот.

      (БЕЗ НАДОМЕСТОК за одобрување за поднесени апликации во промотивен период од 1.10.2018 година до 31.12.2018 година со исклучок на кредити одобрени за затворање на недоспеани обврски по кредити во Банката).

·      За администрирање на кредитот 0,2% на остатокот од долгот (годишно, однапред на главниот долг на кредитот);

·      За предвремена делумна отплата 0% провизија од предвреме уплатениот износ;

·       За предвремена целосна отплата 0% провизија од износот на предвреме вратен главен долг (во случај кредитот да се рефинансира со кредит од друга банка - 5% на предвреме вратениот главен долг);

·       Надомест за измена на обезбедување за кредити за физички лица, 1% манипулативни трошоци еднократно, на преостанатиот износ од кредитната изложеност за кое се менува обезбедувањето, максимум 6.000 денари.

Трошоци

·       Tрошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот);

·       Tрошоци за процена на вредноста на недвижниот имот во согласност со тарифата на овластен проценител - првата година без трошоци за процена од вработен проценител во Банката во промотивен период до 31.12.2018 година;

·       Нотарски трошоци за воспоставување и упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во согласност со нотарската тарифа;

·       Tрошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици во согласност со тарифата на осигурителната компанија.

СВТ

Преглед на СВТ

Обезбедување

 

·         Залог на недвижен имот (стан, куќа, деловен простор) со сооднос помеѓу вредноста на изложеноста и обезбедувањето (1:1,2 до 1:3 во зависност од атрактивноста на објектот);

·          Меница и менична изјава за кредитобарателот и кокредитобарателот;

·          Административна забрана на плата од фирмата во која работи кредитобарателот,кокредитобарателот/ите и согласност за активирање (доколку акционерското друштво/ буџетската државна институција/ јавното претпријатие ја издава).        

Други услови

·    Рата/плата=1/2

Систем на процена

·       Максимум ануитет може да изнесува 1/2 од висината на платата на кредитобарателот и кокредитобарателите.

Документи за наплата

·       Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на кредитокорисникот за примател на плата/пензија (од ПИОМ) преку Банката.

Исплата

·        Исплата на средства по купопродажен договор на трансакциска сметка на продавачот, односно;

·        По фактури на трансакциска сметка на продавачите или изведувачите на градежните работи (во висина ≥ 70% од износот на кредитот), а остатокот од средствата (во висина ≤ 30% на трансакциска сметка на корисникот на кредитот).

 

 

Пример

Вид на кредитот

СУПЕР Станбен кредит, денарски со девизна клаузула, за приматели на плата/пензија во Банката (ПОНУДА 2).

Износ

30.000 евра

Рок на отплата

240 месеци

Износ на ануитет

164,14 евра во првите три години, 205,42 евра во остатокот од периодот

Начин на отплата

Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први од месецот

Каматна стапка

2,85% годишна фиксна к.с. во првите три години од отплатата

5,85% годишна променлива к.с. во остатокот од периодот

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

5,23%

Надомест за одобрување на кредитот

0 евра (без надоместок во промотивен период до 31.12.2018 година)

Надомест за администрирање на кредитот

723,51 евро (0,2% на остатокот од долгот годишно,

однапред на главниот долг на кредитот)

Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:

Трошок за процена на вредноста на недвижниот имот

Без трошоци за процена

Нотарска награда за солемнизација на договорот за залог

Во согласност со нотарската тарифа

Трошок за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во соодветната јавна книга

Не е познат

Трошок за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици

Во согласност со тарифата на осигурителната компанија

Датум на пример

1.10.2018 година

 

Потребни документи за станбен кредит

·       Апликација за кредит;

·       Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот и кокредитобарателите;

·       Фотокопија од последна платена сметка за комуналии, на пр. струја, телефон или вода за кредитобарателот и кокредитобарателите;

·       За пензионерите - последен чек од пензија (од ПИОМ);

·       Потврда за редовен работен однос, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена), а за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци (за кредитобарателот и кокредитобарателите);

·       Преддоговор за обезбеден станбен простор заверен на нотар;

·       Имотен лист за објектот што се става под хипотека (за сите намени) со нов датум-лист за предбележба за градежни компании клиенти /соработници на Банката и по дополнителна оцена на Банката;

·       За обезбедување куќа, земјиштето да биде со право на сопственост;

·       Доказ дека имотот не е под хипотека (Потврда од интабулационите книги издадена од Агенција за катастар на РМ) со нов датум;

·       Процена од овластен проценител на пазарната вредност на имотот кој се заложува за секоја година – првата година без трошоци за процена од вработен проценител во Банката во промотивен период до 31.12.2018 година;

·       Полиса за осигурување на имотот под хипотека во висина која не треба да е пониска од изложеноста, со винкулација во корист на ТТК Банка, обновувана, годишно за целото времетраење на отплатата на кредитот;

·       Извод од матична книга на родени/венчани за да се докаже сопственоста на имотот (за да се обезбеди и согласност на брачниот другар на заложниот должник, доколку се работи за имот стекнат во брак)/Извод од тековна состојба – потврда дека не е отворена стечајна постапка/ликвидација.

Наведената документација е потребна за воспоставување на хипотеката без оглед за која намена истиот се пласира.

За купување

За сите видови градба 

--Преддоговор/договор за купопродажба на стан/куќа/заверен на нотар

--Имотен лист/лист за предбележба и по потреба други документи кои се доставуваат на барање на Банката (решение за локација, графички приказ за локацијата, проект за изградба со предмер и пресметка со актуелни цени на пазарот заверен во проектантско биро и соодветната општина, дозвола за градба и потврда за платени комуналии).

  

 

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција деловна мрежа

Тел. 02/ 32 47 000 лок. 480

e-mail. bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 12.11.2018 година.


 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - Соработник во Оддел за лоши пласмани и преземени средства - Проценувач
ЈАВЕН ПОВИК за избор на најповолен добавувач за набавка на интегриран софтвер за управување со човечки ресурси
ТТК Банка АД Скопје – спонзор на активностите на Македонската филхармонија во новата концертна сезона 2018/19
Девизни плаќања со пониски провизии во промотивен период до 31.12.2018 година
СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје достапен без надоместок за одобрување во промотивен период до 31.12.2018 година!
СЕГА Е ЛЕСНО, со хипотекарниот кредит на ТТК Банка АД Скопје со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години достапен со намален надоместок за одобрување до 31.12.2018 година!

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување