македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Соопштенија за јавност 2011

ТТК Банка ги награди учениците – млади претприемачи!

 

На 23-ти ноември 2011 год. се одржа Државен натпревар во претприемаштво за средношколци на возраст од 15 до 18 години од 20 училишта од Македонија. Настанот е во рамките на проектот „Вештини за вработување“ (Skills for employability) во организација на Британскиот совет, на кој оваа година партнер од бизнис-заедницата беше ТТК Банка.

 

         

Учеството на ТТК Банка на овој настан како партнер од бизнис-заедницата претставува доказ за посветеноста на ТТК Банка на полето на поддршката на едукацијата на младите, како и развојот на претприемачкиот дух. На овој начин, ТТК Банка ги мотивира младите генерации активно да учествуваат во проширување на нивното знаење и равој на професионални вештини  и го доближи деловниот свет на најмладите.

 

 

ТТК Банка ја постави задача на учениците, кои, формирани во тимови за одреден временски период имаа предизвик да развијат дебитна картичка наменета за младите. Во текот на работниот ден, учениците имаа можност да научат како се развива и промовира еден производ, да го истакнат својот истражувачки дух при реализација на своите идеи, да ја истакнат креативноста и иновативноста.

 

 

ТТК Банка ги награди првите три тимови кои одговорија на предизвикот, кои, според евалуациите на стручното жири, ја изработија задачата. За најдобро решение беше прогласено решението на тимот на ДСУ „Р.Ј. Корчагин“, кои се добитници на парична награда од по 6000 денари за секој член од тимот. Второнаградениот тим е добитник на парична награда од ТТК Банка од по 4000 денари за секој член на тимот од ДСУ „Јане Сандански“ од Струмица и по 3000 денари за членовите на третонаградениот тим од ДСУ „Јосип  Броз – Тито“.

 


 

Нова понуда на депозитни производи за физички лица со фиксни каматни стапки од 1.8.2017 година
СУПЕР Станбен кредит со СУПЕР фиксна каматна стапка од 2,85% во првите три години
СЕГА Е ЛЕСНО, со ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување