ТТК Банка спонзор на 4-тиот Меѓународен аеромитинг
На спортскиот аеродром кој се наоѓа во близина на битолското село Логоварди се одржа 4-тиот по ред меѓународен аеромитинг „Битола 2011“. Единствената манифестација на Балканот од овој тип се одржа со помош на несебичната поддршка на ТТК Банка.
За време на манифестацијата се одржаа: падобрански скокови, акробатски летови со едрилица, демонстративни летови со ултра-лесни летала, воено-маневарски летови со хеликоптери, како и други акробатски летови во кои учествуваа гости од Словенија, Хрватска, Бугарија, Велика Британија и од домаќинот Македонија.
Филијалата на ТТК Банка од Битола присуствуваше за време на настанот и организираше промотивни активности со цел граѓаните поблиску и директно да се запознаат со производите и услугите кои ги нуди Банката. ТТК Банка ќе продолжи и во иднина со поддршка на институции кои се од големо значење за развојот на здрава и просперитетна заедница.
Аероклубот “Мирко Тодоровски“ од Битола е спортско воздухопловно здружение основано во 1928 година, кое самостојно организира аеромитинзи за презентација на воздухоплови со летачко шоу, падобрански скокови и собир на сите љубители во спортското воздухопловство.



* Последна промена направена на 19.09.2011 год. |