Благодарница за ТТК Банка за учество на Саем на кариера 2012
На 7-ми мај во Тетово, по седми пат се одржа Саемот на кариера во организација на Центарот за кариера при Универзитот на Југоисточна Европа.
ТТК Банка беше дел од овој значаен настан за студентите кои бараат практична работа или вработување, но и за банката која бара амбициозен кадар да биде дел од организациската структура на Банката. За време на настанот, Банката оствари директна комуникација со студентите и ги презентираше производите и услугите кои се наменети токму за нив. За своето учество, ТТК Банка доби Благодарница од Универзитот на Југоисточна Европа.

|