TТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските и девизните депозити на физички лица
Со важност од 11.2.2019 година, ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските и девизните депозити на физички лица што се должи на намалувањето на каматните стапки на благајничките и државните записи.
Каматните стапки на депозитите се намалени од 0,20 пп до 0,50 пп и важат за сите постојни и новосклучени договори за депозити. Кај постојните договори за депозити со фиксна каматна стапка, важечката каматна стапка ќе се применува на датумот на реорочување на договорот.
Каматните стапки се објавени кај секој депозитен производ на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје, како и на огласните табли во експозитурите и филијалите.
*објавено на 11.2.2019 година. |