ТТК Банка ги награди учениците – млади претприемачи!
На 23-ти ноември 2011 год. се одржа Државен натпревар во претприемаштво за средношколци на возраст од 15 до 18 години од 20 училишта од Македонија. Настанот е во рамките на проектот „Вештини за вработување“ (Skills for employability) во организација на Британскиот совет, на кој оваа година партнер од бизнис-заедницата беше ТТК Банка.

Учеството на ТТК Банка на овој настан како партнер од бизнис-заедницата претставува доказ за посветеноста на ТТК Банка на полето на поддршката на едукацијата на младите, како и развојот на претприемачкиот дух. На овој начин, ТТК Банка ги мотивира младите генерации активно да учествуваат во проширување на нивното знаење и равој на професионални вештини и го доближи деловниот свет на најмладите.

ТТК Банка ја постави задача на учениците, кои, формирани во тимови за одреден временски период имаа предизвик да развијат дебитна картичка наменета за младите. Во текот на работниот ден, учениците имаа можност да научат како се развива и промовира еден производ, да го истакнат својот истражувачки дух при реализација на своите идеи, да ја истакнат креативноста и иновативноста.

ТТК Банка ги награди првите три тимови кои одговорија на предизвикот, кои, според евалуациите на стручното жири, ја изработија задачата. За најдобро решение беше прогласено решението на тимот на ДСУ „Р.Ј. Корчагин“, кои се добитници на парична награда од по 6000 денари за секој член од тимот. Второнаградениот тим е добитник на парична награда од ТТК Банка од по 4000 денари за секој член на тимот од ДСУ „Јане Сандански“ од Струмица и по 3000 денари за членовите на третонаградениот тим од ДСУ „Јосип Броз – Тито“.

|