По 21-ви пат ТТК Банка во друштво на распеаните „Јаболчиња“ од Тетово
И оваа година ТТК Банка беше во друштво на најмладите, да ги запеат во еден глас новите песнички што се изведоа на годинашниот 21-ви детски фестивал „Јаболчиња“.
Детскиот фестивал „Јаболчиња“ се одржа во Центарот за култура „Иљо Антевски – Смок“ во Тетово, на 21 мај 2016 година.
Повторно се дружевме со насмеаните лица, со децата, каде што ТТК Банка на својот штанд ги пречека со куп насмевки, малку едукација и со многу подароци.
ТТК Банка продолжува со поддршката на најмладите и на овој детски фестивал како вистински македонски бренд.