Известување за котација на втора емисија на корпоративни обврзници издадени од ТТК Банка АД Скопје
Ве известуваме дека Одборот на директори на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје, на седницата одржана на ден 15.4.2020 година, донесе Одлука за котација на долгорочните должничките хартии од вредност – корпоративна обврзница од втора емисија издадени од ТТК Банка АД Скопје на Официјалниот пазар на Македонската берза АД Скопје, на подсегментот Берзанска котација.
Корпоративната обврзница ќе биде котирана и ќе може да се тргува на секундарен пазар почнувајќи од ден 27.4.2020 година.
Подетални информации за котацијата се објавени на официјалната интернет-страница на Македонската берза АД Скопје, поточно на следниот линк:
https://www.mse.mk/mk/news/24/4/2020/listing-of-the-ii-nd-issue-corporate-bonds-issued-by-ttk-banka-ad-skopje
*27.4.2020 година |