На 36. традиционално искачување на Титов Врв 2017 година, кое се случуваше на 27 и 28 мај, учествуваа 850 учесници, од 27 планинарски друштва, од 4 земји, и како што велат тие со една и единствена љубов во срцата - Титов Врв.
Оваа година Титов Врв го искачија 828 планинари. Секоја им чест!
Преку мозаикот од фотографии ве носиме на падините на Титов Врв, ви пренесуваме дел од искачувањето на планинарите.
Уживајте во природните убавини на овој бисер.


