Донација на ТТК Банка за Здружението на телесно инвалидизирани лица од Тетово
По повод новогодишните празници, ТТК Банка организираше заедничко дружење со членовите од Здружението на телесно инвалидизирани лица од Тетово, како и прекрасни мигови поминати со луѓето кои се различни, а сепак еднакви со другите членови од ова општество.
Во улога на општествено одговорна компанија, ТТК Банка се сети на новогодишните потреби и желби на најмладите членови од ЗТИЛ од Тетово и донираше новогодишни пакетчиња, едукативни детски игри, топол оброк и дружење со Дедо Мраз.
Прекрасните мигови поминати со најмладите членови од ЗТИЛ од Тетово претставуваа почеток на заедничката соработка со ова Здружение, кои имаат специфични потреби и кои имаат за цел да овозможат полесна социјализација на членовите во општеството, правилен развој на децата, пристапност и образование на најмладите.
Грижата и хуманата активност кон сите на кои им е потребна помош е определба на ТТК Банка, која работи во тоа опкружување и се чувствува како дел од целата заедница. ТТК Банка ќе продолжи и во иднина да поддржува проекти и активности кои се од голема важност за правилен развој и овозможување еднакви можности на сите граѓани во ова општество.


|