ТТК Банка ги намали каматните стапки
ТТК Банка почнувајќи од 01.01.2011 година изврши промени на активните и пасивните каматни стапки за физички лица.
ТТК Банка ги намали каматните стапки кај дел од наменските и ненаменските потрошувачки кредити во денари за физички лица и до 1 процентен поен.
Истовремено, ТТК Банка ги намали каматните стапки за депозити за физички лица до 0,30 процентни поени за депозити орочени во денари. За депозитите орочени во евра има намалување само кај депозитите по видување за само 0,05 процентни поени.
Кај правните лица ТТК Банка нема промена на активните и пасивните каматните стапки.
Во согласност со Законот за облигациони односи, соодветно намалена е и законската казнена камата за физички и правни лица.
Промените се резултат на последното намалување на каматната стапка на благајничките записи на НБРМ и важат од 01.01.2011 год. и ќе се однесуваат за сите новосклучени договори за кредити и депозити, како и за веќе склучени договори за кредити до 31.12.2010 год. |