На 29.5.2017 година се одржа едукативниот настан „Денови на кариера“ во организација на Средното општинско економско училиште „Гостивар“ во Гостивар, на кој беа присутни деветтоодделенци од гостиварските училишта и нивни родители.
Овој настан имаше за цел да ги запознае присутните со насоките и профилите кои се изучуваат во ова училиште и можностите за понатамошна кариера на учениците во приватниот сектор.
Како учесници на овој настан беа претставници од бизнис-заедницата од градот Гостивар и неколку домашни комерцијални банки.
ТТК Банка учествуваше со свој штанд, промотивен материјал, мали подароци и совети за присутните ученици.

*објавено на 8.6.2017 година.