ТТК БАНКА АД Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА КЛИПИНГ АГЕНЦИЈА
Општи информации за достава на понудите
Понудите што ќе бидат доставени до ТТК Банка АД Скопје треба да содржат целосно пополнета Апликација за избор на клипинг агенција (компанија која нуди достава на прес клипинг услуги).
Во понудата треба да се приложи и пример од дневен клипинг или пак линк од интернет-страница од која има видлив пример од дневен клипинг, референтна листа на соработници како и копија од најнова тековна состојба.
Понудите не треба да содржат дополнителни информации освен оние кои се наведени во Апликацијата или доколку тоа не го побара ТТК Банка АД Скопје.
Рокот за достава на понудите е најдоцна до 3.2.2019 година (понеделник) до 16:00 часот.
ТТК Банка АД Скопје го задржува правото да избере повеќе од еден понудувач или да не избере ниту еден од понудувачите. Во случај да не избере ниту еден понудувач ТТК Банка АД Скопје не е должна да го повтори повикот.
ТТК Банка АД Скопје нема обврска да го врати доставениот материјал.
ТТК Банка АД Скопје нема обврска да ги информира понудувачите за конечната одлука, ниту пак да го образложи изборот на учесниците.
Учесниците немаат право на жалба на направениот избор, одлуката на Банката е конечна.
Понудите да се достават во печатена форма или електронска форма снимена на ЦД.
Понудите се доставуваат во затворен плик:
Назнака – Јавен повик за избор на клипинг агенција - не отворај
Адреса: ТТК БАНКА АД Скопје
Ул. „Народен фронт“ бр. 19а, 1000 Скопје
За повеќе информации во врска со повикот, можете да се обратите на:
Дирекција за маркетинг и развој на производи
Телефон за контакт: +389 2 32 47 000 лок. 433, 478, 452
Електронска адреса: marketing@ttk.com.mk
* објавено на 30.1.2020 година |