македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Кредити

Автомобилски кредит

Дозволете си го автомобилот/мотоциклот од вашите соништа и впуштете се во вистинско уживање со поддршка на ТТК Банка и поволните услови на автомобилскиот кредит. Сега достапни за нови и за половни возила.

 

Корисници

·      Државјани на Република Македонија, деловноспособни лица над 18 години, кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) и се вработени во јавна администрација и бонитетни претпријатија и институции прифатливи за Банката, пензионери;

·       физички лица кои примаат/не примаат плата/пензија преку ТТК Банка.

Критериуми

·      Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/3 од месечните нето-примања на   кредитобарателот и ко-кредитобарателите;

·      Во кредитот може да се вклучат до 2 (двајца) кокредитобаратели;

·      Минималните месечни примања на кредитобарателот и кокредитобарателот/ите, не смее да бидат пониски од 9.000 денари;

·       Максималната старост на кредитобарателот, кокредитобарателот/ите не смее да биде поголема од 70 години при доспевање на последниот ануитет на кредитот.

Износ

·       мин. 20% од вредноста на возилото, во зависност од кредитоспособноста

Намена на кредитот

·       За купување секаков тип или модел на НОВО патничко возило и мотоцикли;

·       За купување користени патнички возила.

·       Користените возила не смее:

-      да имаат поминато повеќе од 75.000 км или да бидат постари повеќе од 6 години од денот на првата регистрација;

-       користени возила увезени од странство не се финансираат, освен ако не се увезени од официјален продавач на соодветен бренд и доколку се приложат оригинални документи како потврда на состојбата на возилото.

-     продавачот може да биде исклучиво правно лице - продавач, а не и физичко лице.

Валута

·       МКД

·       МКД со девизна клаузула (денарска противвредност на EUR според средниот курс на курсната листа на НБРМ кој важи на денот на исплатата на кредитот).

Начин на отплата

·       Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на први секој месец.

·      Кредитот се става во отплата на први наредниот месец од денот на исплатата.

Рок на отплата

За нови возила

·       12-72 месеци за возила;

·       12-60 месеци за мотоцикли.

За користени возила

Старост на возилото + времетраење на кредит <= 72 месеци (6 години)

·       5 год. старо возило + 1 години  рок на кредит;

·       4 год. старо возило + 2 години  рок на кредит;

·       3 год. старо возило + 3 години  рок на кредит;

·       2 год. старо возило + 4 години  рок на кредит;

·       1 год. старо возило + 5 години  рок на кредит.

Каматна стапка

·       МКД со девизна клаузула

·       7,60% годишно, прилагодлива за сите кредитокорисници (I и II категорија).

·       МКД

·      10,00% годишно, прилагодлива за кредитокорисници кои својата плата/пензија ја примаат преку ТТК Банка.

·      10,50% годишно, прилагодлива за кредитокорисници кои својата плата не ја примаат преку ТТК Банка.

·      За периодот од искористување на кредитот до денот на ставање на кредитот во отплата Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористување на кредитот.

Казнена каматна стапка

·      7,634% годишно, прилагодлива за кредитите во МКД со девизна клаузула, односно

·      11,75% годишно, прилагодлива за кредитите во МКД.

Метод и период на пресметка на камата

·       Пресметката на камата се врши месечно по пропорционална метода.

Провизии

 

·       БЕЗ  надоместок за обработка на барање.

·      7.500 денари еднократен фиксен административен трошок без оглед на висината на кредитот за одобрување кредит.

·      За администрирање на кредитот 0,2% на остатокот од долгот (годишно, однапред на главниот долг на кредитот), максимум 5.000 денари.

·       БЕЗ надоместок за предвремена делумна отплата.

·       БЕЗ надоместок за предвремена целосна отплата. 

·      Надомест за измена на обезбедување за кредити за физички лица, 1% манипулативини трошоци еднократно, на преостанатиот износ од кредитната изложеност за кое се менува обезбедувањето, максимум 6.000 денари

Трошоци

·       трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот);

·       трошоци за меница;

·       нотарска награда за солемнизација на договорот за залог во согласност со нотарската тарифа;

·       трошоци за упис на заложно право врз возилото во корист на Банката во соодветната јавна книга;

·       трошоци за осигурување на заложеното возило во согласност со тарифата на осигурителната компанија.

СВТ

·        Преглед на СВТ.

Обезбедување

 

·      Се воспоставува заложно право врз сопственоста на возилото во корист на ТТК Банка, сè до целосна отплата на кредитот.

·       Каско осигурување на возилото со франшиза од 500 ЕУР и винкулација во корист на ТТК Банка.

·      Меница од 500 денари и менична изјава потпишана од кредитобарателот и ко-кредитобарателот/ите.

·      Административна забрана на плата од фирмата во која работи кредитобарателот, кокредитобарателот и согласност за активирање (доколку акционерското друштво/ буџетската државна институција/ јавното претпријатие ја издава).

 

Меница во форма на нотарски акт

За секоја поединечна кредитна изложеност на Банката кон физичко лице по основ на потрошувачки кредит во износ над 400.000 денари која е обезбедена со меница, меницата мора да биде во форма на нотарски акт со извршни клаузули.

Документи за обезбедување наплата

·      Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на кредитокорисникот за примател на плата/пензија преку Банката.

Исплата

·       Исплата на средства на продавачот на возилото по фактура.

Потребни документи за автомобилски кредит

 

Пример

Вид на кредитот

Автомобилски кредит (примател на плата/пензија во ТТК Банка, денарски)

Износ

500.000 денари

Рок на отплата

72 месеци

Износ на ануитет

9.260 денари

Начин на отплата

-Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој први од месецот.

-Кредитот се става во отплата на први наредниот месец од денот на исплатата.

Каматна стапка

10,00%

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

11,35%

Вкупен износ за плаќање

677.966 денари

Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:

Износ на кредитот

500.000 денари

Вкупен износ на камата за кредитот

166.678 денари

Надомест за одобрување на кредитот

7.500 денари

Надомест за администрирање на кредитот

3.788 денари (0,2% на остатокот од долгот годишно, однапред на главниот долг на кредитот).

Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:

Трошок за меница

500 денари *Овој трошок не влегува во СВТ.

Нотарска награда за солемнизација на договорот за залог

Не е познат  *Овој трошок не влегува во СВТ.

Трошок за упис на заложно право врз возило во корист на Банката во соодветната јавна книга

Не е познат  *Овој трошок не влегува во СВТ.

Трошок за полиса за осигурување на заложеното возило

Не е познат  *Овој трошок не влегува во СВТ.

Датум на пример

20.10.2014

 

 

Лице за контакт:

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција Деловна Мрежа

Тел. 02/ 32 47 000 лок. 480

e-mail. bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 15.5.2017 година.

 


 

Известување за неработен ден - 24.5.2017 година (среда)
Нови атрактивни услови за ненаменските потрошувачки кредити во ТТК Банка
Интервју со проф. д-р Драгољуб Арсовски, Претседател на Управниот Одбор на ТТК Банка во месечниот бизнис магазин "Економија и бизнис"

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување