Се одбележуваат 5 години од работењето на ТТК Банка под ова име. На 1-ви јули 2006, ТТК Банка настана со спојувањето на две банки кои имаат 50 годишна традиција – Тетовска и Тетекс кредитна банка. Во меѓувреме се работеше на проширување на мрежата и моментално ТТК Банка работи на 29 локации низ државата во кои високо професионално се опслужуваат корисниците. Во услови кога се развива банкарскиот пазар во кој се вклучуваат звучни банкарски имиња од странство, ТТК Банка како доминантно домашна банка настојува стратегиски да го гради сопствениот имиџ на стабилна банка, која навистина ја дава својата поддршка на оние на кои им е потребна.
Доказ за успешноста на Банката се и позитивните финансиски резултати во изминатиот период. Имено, ТТК Банка АД Скопје на 31.12.2010 заврши со позитивен финансиски резултат во износ од 45,6 милиони денари и во текот на првите месеци од 2011 година издвојува позитивни финансиски резултати. Билансот на состојба со 31.05.2011 година изнесува 6,4 милијарди денари и бележи пораст од 6,8% споредбено со крајот на минатата година.
Сè повеќе корисници ја укажуваат својата доверба во ТТК така за изминатата година се бележи зголемување на бројот на клиентите во ТТК Банка, и тоа 13% пораст на корисници физички лица и 5% пораст на правните лица.
Споредбено со крајот на минатата година Банката бележи пораст на кредитното портфолио од 1,7% од кој позабележителен пораст има кредитното портфолио на население во споредба со позабавен пораст на кредитното портфолио на стопанство.
Споредбено со крајот на минатата година порастот на депозитите на комитенти изнесува 10%, од кој 65% е како резултатат на депозитите на население, додека 25% од правните лица.
ТТК Банка е акционерско друштво во кое главен акционер е групација Тетекс со 44,22% и ЕБРД со 25% учество.
