македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Награди и признанија

Национална награда за општествена одговорност -2008

Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата, кое работи во рамките на Економско-социјалниот совет на Владата, при Министерството за економија на Р. Македонија, свечено ги додели националните награди за општествена одговорност на претпријатијата за 2008 година. 

 

ТТК Банка, во голема конкуренција на претпријатија со различни проекти, заслужено ја доби Националната награда за општествена одговорност за 2008 во категоријата Награда во доменот на вложување во заедницата.

 

На конкурсот, ТТК Банка аплицираше со проектот “ТТК Банка во поддршка на најмалите”.

Во текот на 2008 година, ТТК Банка креираше производ наменет за децата, “Детско штедење” со цел да помогне на најмладите во изградба на вистински вредности и ставови за својата иднина, да им помогне да ги остварат сите нивни желби и соништа, да ја подигне свеста и хуманоста на сите граѓани за заштита и помош на оние деца на кои помошта им е најпотребна.

Во рамките на својата посветеност на најмалите, ТТК Банка во 2008 година подготви еден проект кој се реализираше во неколку фази, а кој вклучува поддршка на активности и настани кои имаат за цел да ги поттикнат правилниот развој на децата, здравиот начин на живот, образованието на најмладите, поддршка во полесна социјализација на децата со посебни потреби, поддршка на општеството преку поддршка на установи кои придонесуваат многу за егзистенција и правилен развој на децата.

 

 

Проектот се состоеше од неколку дела:

-  СОС Детско Село.

Донација од 85.000 МКД и орочени на детски штедни книшки во ТТК Банка, на СИТЕ 85 деца кои се сместени во Детското село во Скопје, отворена посебна сметка на СОС Детско Село со посебна намена за донација. Имено, сите физички и правни лица имаат можност да донираат средства на децата.  ТТК Банка ја анимираше јавноста за начинот на кој може сите граѓани да донираат средства за иднината на децата.

- Клиника за детски болести - Оддел за интензивна нега - Скопје; Донација на посебна соба - Лактариум

Во Одделот за интензивна нега на Детската клиника во Скопје се наоѓаат новороденчиња во инкубатори кои немаат допир со своите мајки/доилки а чие присуство, контакт и мајчино млеко се неопходни за живот и правилен развој. Првиот контакт помеѓу мајките и децата со донацијата на ТТК Банка отсега ќе се врши во специјална опремена просторија во која ТТК Банка обезбеди соодветни комфорни услови за престој на мајките и децата, неопходни хигиенски услови за измолзување како и услови за правилно скадирање на мајчиното млеко кое потоа се дава на новороденчињата. 

Донацијата има огромно значење за побрзо и поефикасно закрепнување, како и за намалување на морталитетот.

Донацијата вклучуваше набавка на:

-                   реновирање и адаптирање на просторија – лактариум

-                  донација на посебни апарати за измолзување - лактариуми и дополнителна опрема

-                  донација на апаратура за чување на мајчиното млеко во посебни услови

-                  донација на посебни столови на кои ќе се остварува првиот контакт помеѓу мајките и децата.

 - Здружение на деца и младинци со оштетен вид “Самсон Ихтус”

Донација за поддршка на децата од Здружението на деца со оштетен вид се состоеше во опремување на посебен дом на децата и младите со оштетен вид како и изработка на посебен ТВ спот кој имаше за цел да ја зголеми свесноста за потребите на овие деца, да ја разбуди хуманоста на граѓаните на РМ.

- Уметничко училиште за деца со хендикеп деца штитеници на дом Бања Банско ("Полио Плус", "Детла Ексклузив")

Донација од 60.000 МКД како поддршка на акцијата за формирање ателје за развој на уметноста кај децата без раце кои цртаат со помош на уста, организирана од "Полио плус" и "Детла Ексклузив".

- Специјален завод “Демир Капија”

Во состав на процесот за деинституционализација на Специјалниот завод "Демир Капија" во соработка со Владата и Open Society Mental Health Initiative од Будимпешта, се реализира кампања која треба да придонесе кон подобро прифаќање од страна на македонските граѓани на децата со хендикеп кои, во согласност со Стратегијата за деинстутиционализација на Владата, ќе бидат сместени во мали семејни домови и ќе биде креиран системот на живеење со поддршка од заедницата. ТТК Банка даде своја поддршка во проектот.

- Донации и спонзорства на деца поединци

Цел на проектот беше:

·         Подигнување на свесноста кај вработените и пошироката јавност за неопходноста на поддршка на децата кои имаат посебни потреби, децата на кои им треба поддршка, особено во периодот на нивниот развој како и поддршка за иднината;

·         Создавање вредности кои ќе бидат втемелени во општеството и на кои ќе се потпрат наредните млади генерации;

·          Пружање надеж за своите чеда на оние на кои им е потребна.

 

 

ТТК Банка, во улога на општествено одговорна компанија, цел дефинирана во стратегијата на Банката, вложува, предлага и поддржува активности кои придонесуваат во процесот на градење здрава и просперитетна заедница. Грижата и хуманата активност кон сите на кои им е потребна помош е определба на ТТК Банка, која работи во тоа опкружување и се чувствува како дел од целата заедница.


 

Интервју со Претседателот на Управен одбор на ТТК Банка АД Скопје д-р Драгољуб Арсовски за „Денар.мк“ - „Ефикасни и достапни и во услови на здравствена криза“
Известување за предвремена исплата на пензиите од 26-ти ноември 2020 година
Известување за четвртото издание на едукативниот настан „Денови на финансиската писменост“
Известување за времено затворање на експозитура Куманово 1
Известување за промена на локација на банкомат во Битола
ТТК Банка АД Скопје ја прошири деловната мрежа со нова експозитура во Кавадарци
Известување за исплата на паричните права од социјална и детска заштита од 4-ти ноември
ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало
ТТК Банка предупредува на лажно претставување со злоупотреба на името на Банката
Јавен повик за учество на XXXV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Поволно штедење во ТТК Банка АД Скопје со промотивните депозити за физички лица - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување до 31.12.2020 година
Интервју со Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка д-р Драгољуб Арсовски за „Фактор“: Кризата се ширеше побрзо и од вирусот, ТТК Банка одговори силно на предизвиците
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување