Традиционално и оваа година ТТК Банка го поддржа 22. издание на детскиот фестивал „Јаболчиња“.
Оваа година фестивалот се одржа на 27 мај во Домот на културата „Иљо Антевски – Смок“ во Тетово.
Најмалите љубители на музиката имаа можност да ги проследат новите песнички за оваа година и да уживаат во неповторливата детска забава. ТТК Банка подготви и подароци за присутните дечиња.
Ви пренесуваме дел од пролетното издание на фестивалот.





*објавено на 1.6.2017 година.