македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

Соопштенија за јавност 2017

Нови атрактивни услови за ненаменските потрошувачки кредити во ТТК Банка

 

 

ТТК Банка понуди исклучително конкурентни услови за поволно кредитирање на физички лица во рамките на Премиум СМАРТ и Премиум ВИП пакетите наменети за примателите на плата во Банката со важност од 15 март.

 

Банката го понуди ненаменскиот потрошувачки кредит Премиум СМАРТ со годишна фиксна каматна стапка од само 5,5% во првата година, односно 7,9% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, за износи до 600.000 денари без жиранти, во зависност од месечните примања и со намален надоместок за одобрување.

 

Примателите на плата во Банката, во рамки на Премиум ВИП пакетот, имаат можност да аплицираат за ненаменскиот потрошувачки кредит со годишна фиксна каматна стапка од само 5,5% во првата година, односно 7,5% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, за износи до 600.000 денари без жиранти и со намален надоместок за одобрување.

 

Атрактивните каматни стапки нудат поволности и при рефинансирање на постојните обврски по кредити, со што се овозможува релаксирање на месечните трошоци и пристап до повеќе расположливи средства  во текот на месецот.

 

Во рамки на Премиум СМАРТ и Премиум ВИП пакетите примателите на плата во ТТК Банка имаат можност да аплицираат и за Visa Classic кредитна картичка и дозволено пречекорување по поволни услови.

 

Во секое време, без надоместоци за приклучок и одржување, достапни се услугите на електронското и мобилното банкарство како најбрз и најповолен начин за плаќање и информирање за сметките, производите и услугите.

 

За повеќе информации во врска со новите услови на потрошувачките кредити и останатите услуги корисниците може да ги посетат филијалите и експозитурите на ТТК Банка.

 

 

 

Со почит,

 

ТТК Банка АД Скопје

 


 

ТТК Банка АД Скопје – спонзор на активностите на Македонската филхармонија во новата концертна сезона 2018/19
Девизни плаќања со пониски провизии во промотивен период до 31.12.2018 година
Измена на тарифата за услугите во платниот промет со важност од 10.8.2018 година
ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на девизните депозити на физички лица во евра
СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје достапен без надоместок за одобрување во промотивен период до 31.12.2018 година!
СЕГА Е ЛЕСНО, со хипотекарниот кредит на ТТК Банка АД Скопје со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години достапен со намален надоместок за одобрување до 31.12.2018 година!

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување