македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Спонзорства и донации 2010

ТТК Банка добитник на наградата „Различни, а еднакви“ 2010

На 7-ми декември во Универзалната сала во Скопје се одржа традиционалната манифестација „Различни, а еднакви“ во организација на агенцијата „Детла Ексклузив“. За време на манифестацијата, беа доделени награди на сите оние личности, организации и компании кои со својот придонес овозможиле полесен живот на граѓаните со посебни потреби.

За својот придонес во вложувањето во заедницата и поддршка на институции, организации и поединци, ТТК Банка ја прими наградата „Различни, а еднакви“. Наградата ја прими г-дин Драгољуб Арсовски, претседател на Управниот одбор на ТТК Банка. „ТТК Банка е средна банка, но има големо срце! Вработените во ТТК Банка сметаат дека треба да се помага во секој момент и што е можно повеќе. Ние не можеме да ја промениме иднината, но можеме да ги промениме навиките кои ја менуваат иднината”, изјави г-дин Арсовски.

Во рамките на својата посветеност на поддршка на лицата на кои им е најпотребна, ТТК Банка реализира програма за донации која се состоеше од повеќе фази и која опфаќаше проекти за поддршка на активности и настани кои имаат за цел да ги поттикнат правилниот развој на децата, здравиот начин на живот, образование на најмладите, полесна социјализација на лицата со посебни потреби, како и поддршка на организациите и институциите кои придонесуваат за нормално функционирање и правилен развој на лицата со посебни потреби.

                              

„Различни, а еднакви“ претставува манифестација посветена на малите, а ГОЛЕМИ луѓе. Како што изјави г-дин Игор Џамбазов: „И тие знаат да бидат ученици достојни за пример, и тие знаат силно да се борат, за боите на нашата земја, на светските натпревари, да направат подвизи за кои многумина немаат храброст да ги остварат. И тие можат да придонесуваат и да бидат корисни за општеството“.

ТТК Банка ќе продолжи и во иднина да им пружа надеж на оние на кои им е најмногу потребна, еднакви можност на лицата кои се различни, а еднакви, љубов и грижа на најмладите со цел успешно да се вклопат во заедницата во која сите треба да имаат исти права.


 

Известување за неработен ден – 3-ти август 2020 година
Известување за работата на филијали и експозитури на 31-ви јули 2020 година (петок)
Известување за предвремена исплата на јулски пензии од 28-ми јули 2020 година
ТТК Банка донираше компјутери за ученици од социјално ранливи семејства
Известување за исплата на паричните права од социјална заштита од 4-ти јули
Јавен повик за учество на XXXIV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година
ТТК Банка АД Скопје со нови промотивни депозити за штедачите - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Известување за промена на договорните услови за кредитните производи на правни лица
Известување за понудата за одложување на плаќањето на кредитните обврски на клиентите - физички лица
ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување