Промена на пасивните каматни стапки на физички и правни лица
од 1.2.2017 година
Со важност од 1.2.2017 година, ТТК Банка ги намали пасивните каматни стапки на физичките и правните лица, што се должи на намалувањето на каматните стапки на благајничките и државните записи.
Каматните стапки на штедните влогови на физички лица во денари, со рочност од 3 до 60 месеци, од производните категории: стандардно штедење, скалесто штедење и детско штедење се намалени од 0,15 пп до 0,35 пп.
Каматните стапки на денарските депозити на правни лица со рочност од 15 дена до 36 месеци се намалени од 0,05 пп до 1,00 пп.
Промената се однесува на сите постојни и новосклучени договори со важност од 1.2.2017 година. Каматните стапки се објавени на интернет-страницата на ТТК Банка,како и на огласните табли во експозитурите и во филијалите на Банката.
Корисниците имаат можност да ги орочат своите средства по конкурентни услови во ТТК Банка и да добијат атрактивни и повисоки каматни стапки во зависност од вложениот износ во рамки на стандардната понуда на производи.