македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Соопштенија за јавност 2020

ТТК Банка АД Скопје со понуда за примателите на плата и пензија во Еуростандард Банка АД Скопје

 

 


ТТК Банка АД Скопје овозможи понуда со којашто излегува пресрет на финансиските потреби на корисниците, приматели на плата или пензија во Еуростандард Банка АД Скопје.

Понудата се однесува на сите бонитетни корисници кои се класифицирани во ризична категорија А или Б, односно кои имаат солиден рејтинг во кредитниот регистар на НБРСМ.

Корисниците кои се во редовен работен однос, кои ќе отворат трансакциска сметка и ќе ја пренасочат платата на сметка преку ТТК Банка АД Скопје можат да аплицираат за дозволено пречекорување во износ до 3 (три) месечни плати, додека примателите на пензија (од ПИОМ) до 1 (една) пензија или до 2 (две) пензии со дополнително обезбедување жирант кој  е во редовен работен однос. За приматели на паричен надомест до пензионирање по основ на технолошки вишок се одобрува износ на пречекорување до 2 (две) месечни плати.

Постапката за отворање трансакциска сметка е брза и едноставна, со приложување важечки документ за идентификација (лична карта или пасош), во која било
филијала или експозитура на ТТК Банка АД Скопје.

Во случај на аплицирање за
дозволено пречекорување на сметка, процедурата е исто така едноставна, а паричните средства се веднаш на располагање на корисниците.

Корисниците кои не поседуваат дебитна картичка можат да ја искористат посетата на филијалата/експозитурата за да поднесат
барање за изработка на дебитна картичка поврзана со отворената сметка, без членарина. На тој начин, средствата на корисниците ќе им бидат достапни во секое време за плаќање во трговската мрежа и корисниците ќе имаат можност за подигнување на средствата од банкомат.

За поголема едноставност во плаќањето и увид во состојбата на сметка, аплицирање за кредит или орочување средства, во секое време на располагање на корисниците се електронското банкарство
TTK Е-bank и мобилното банкарство TTK M-bank, без трошоци за активирање и користење, со ниски провизии за плаќање.

Примателите на плата/пензија во ТТК Банка АД Скопје имаат можност да користат низа поволности и поповолни каматни стапки на потрошувачките и станбените кредити и без надоместок за одобрување за кредитите со животно осигурување во промотивниот период до 30.9.2020 година, без надоместок за администрирање и без надоместок за предвремена отплата.

 

* објавено на 18.8.2020 година


 

Известување за четвртото издание на едукативниот настан „Денови на финансиската писменост“
Известување за времено затворање на експозитура Куманово 1
Известување за промена на локација на банкомат во Битола
ТТК Банка АД Скопје ја прошири деловната мрежа со нова експозитура во Кавадарци
Известување за исплата на паричните права од социјална и детска заштита од 4-ти ноември
ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало
ТТК Банка предупредува на лажно претставување со злоупотреба на името на Банката
Јавен повик за учество на XXXV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Поволно штедење во ТТК Банка АД Скопје со промотивните депозити за физички лица - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување до 31.12.2020 година
Интервју со Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка д-р Драгољуб Арсовски за „Фактор“: Кризата се ширеше побрзо и од вирусот, ТТК Банка одговори силно на предизвиците
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување