македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

Известувања

 

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на

ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА

 

ЈАВЕН  ПОВИК

ЗА УЧЕСТВО НА XXVIII СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ

 

                Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје   бр. 02-2002/2 од 27.2.2018 година, XXVIII седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 30.3.2018 година (петок) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Банката во ТЦ Беверли Хилс, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, со следниот предлог

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

I.   ПРОЦЕДУРАЛЕН  ДЕЛ 

1.     Отворање на Собранието;

2.     Избор на претседавач на Собранието;

II.   РАБОТЕН  ДЕЛ

1.     Разгледување Годишен извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2017 година и Мислење по истиот од Надзорниот одбор, со предлог - одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето;

2.     Разгледување финансиски извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2017 година ревидирани од Друштвото за ревизија „Мур Стивенс“ ДОО Скопје (по НБРМ; по МСФИ) и Мислењето за извештаите од Надзорниот одбор, со предлог - одлука за усвојување на извештаите и Мислењето;

3.     Разгледување Годишна сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2017 година, со предлог - одлука за усвојување;

4.     Разгледување предлог - одлука за употреба и распоредување на нераспределенaта добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2017 година;

5.     Разгледување предлог - одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2017 година (дивиденден календар);

6.     Разгледување Извештај и оцена на работата на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2017 година, со предлог - одлука за усвојување;

7.     Разгледување предлог - одлука за избор друштво за ревизија за вршење ревизија на финансиски извештаи на ТТК Банка АД Скопје;

8.     Разгледување предлог - одлука за именување член на Надзорен одбор на ТТК Банка АД Скопје;

9.     Разгледување предлог - одлука за измена и дополнување на Деловникот за работа на Собранието на ТТК Банка АД Скопје.

Во согласност со предлог - одлуката за определување на износот на дивидендата и датумите на исплата на дивидендата за 2017 година (дивиденден календар), донесена од Надзорниот одбор на Банката на 27.2.2018 година, предложениот износ на бруто-дивиденда за една обична акција изнесува 104,0000 денари, односно 10,40000% во однос на нејзината номинална вредност од 1.000,00 денари.  

Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс:02/3131-387; e-пошта: sekretarijat@ttk.com.mk).

Собранието ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот  ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Секој  акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.

Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk. 

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.

Акционерите може да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 8.3.2018 година до 16:00 часот, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk. 

Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Банката во ТЦ Беверли Хилс, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

 

                                      Претседател на Надзорен одбор 

                                               на ТТК Банка АД Скопје

                                                м-р Глигорие Гоговски

 


1. Вкупен број на акции и вкупен број на гласачки права
2. Пријава за учество
3. Прашања од акционерите во врска со точките од Дневниот ред
4. Вклучување на нови точки и одлуки во Дневниот ред и предлагање на нови одлуки

4.1. Предлог од акционерот „Тетекс“ АД Тетово
5. Гласање преку полномошник
6. Полномошна за физички и правни лица
7. Резултати од гласањето на Собрание
8. Записник

 

 

*Последна промена направена на интернет-страницата 13.4.2018 година.


 

ЈАВЕН ПОВИК за избор на најповолен добавувач за набавка на ИТ опрема
Известување за работа на Експозитура Куманово 1 и Филијала Тетово
Девизни плаќања со пониски провизии во промотивен период до 31.12.2018 година
Измена на тарифата за услугите во платниот промет со важност од 10.8.2018 година
ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на девизните депозити на физички лица во евра
СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје достапен без надоместок за одобрување во промотивен период до 30.9.2018 година
СЕГА Е ЛЕСНО, со ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување