ТТК Банка АД Скопје со присуство на настанот „Денови на кариера“ одржан на Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот во Тетово
Традиционално, и оваа година во периодот од 23 до 25 април 2019 година се одржа настанот „Денови на кариера“ во организација на Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот во Тетово.
Настанот овозможи запознавање на успешните компании со перспективните млади луѓе, со цел да се отпочне соработка меѓу двете страни за градење кариера, практична обука, реализирање дипломска работа, регрутирање кадри итн.
ТТК Банка АД Скопје беше присутна со свој штанд и претставници кадешто студентите имаа можност да се информираат за практична работа или вработување, како и за промотивната понуда на производи и услуги на Банката. Банката подготви и пригодни подароци за студентите.



*објавено на 7.5.2019 година. |