TТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на депозитите на физичките и правните лица
Со важност од 4.5.2020 година, ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските и девизните депозити на физичките и правните лица.
Каматните стапки на денарските депозити за физичките лица се намалени од 0,05 до 0,30 процентни поени додека пак каматните стапки на девизните депозити се намалени од 0,01 до 0,25 процентни поени за депозити во EUR, од 0,01 до 0,02 процентни поени за депозити во USD и од 0,10 до 0,20 процентни поени за депозити во AUD. Новите каматни стапки важат за сите постојни и новосклучени договори за депозити. Кај постојните договори за депозити со фиксна каматна стапка, важечката каматна стапка ќе се применува на датумот на реорочувањето на депозитот.
Физичките лица, покрај поволноста за штедење со фиксни каматни стапки во рамките на стандардното штедење, имаат можност да добијат повисоки фиксни каматни стапки со скалестите депозити за вложени средства над 1.000.000 денари односно 20.000 евра, соодветно на валутата.
Каматните стапки на денарските депозити за правните лица се намалени од 0,10 до 0,25 процентни поени додека пак каматните стапки на девизните депозити се намалени од 0,05 до 0,25 процентни поени за депозити во EUR. Новите каматни стапки важат за сите новосклучени договори за депозити.
Повеќе информации за услoвите на депозитите во денари и девизи, како и за останатите производи, се достапни на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје, во експозитурите и филијалите на Банката како и преку апликацијата за мобилно банкарство TTK M-bank.
Каматни стапки за физички лица:
Стандардно штедење во денари
Стандардно штедење во девизи
Детско штедење
Скалесто штедење
*објавено на 4.5.2020 година |