Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 4-ти февруари 2021 година
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека од 4.2.2021 година (четврток) ТТК Банка АД Скопје ќе започне со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец јануари 2021 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во Банката.
Корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата од 4.2.2021 г. (четврток), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, имајќи ги предвид актуелните мерки за заштита од корона вирусот, исплатата ќе се врши во согласност со утврдениот распоред, по азбучен редослед според првата буква од презимето и тоа:
-
4-ти февруари (четврток) - А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
-
5-ти февруари (петок) - М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со цел заштита на здравјетo, апелираме средствата првенствено да се користат за безготовински плаќањa во трговската мрежа или преку електронско банкарство TTK E-bank или мобилно банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.
Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје |