Со важност од 1.8.2015 година, ТТК Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички и правни лица во денари и евра, а во согласност со пазарните услови.
Каматните стапки на депозитите за физички лица се намалени од 0,1 до 0,3 процентни поени, додека каматните стапки на депозитите за правни лица се намалени од 0,02 до 0,6 процентни поени.
Новите каматни стапки за физички и правни лица се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити, со важност од 1.8.2015 година.
Новите каматни стапки на депозитите за физички лица се објавени кај секој депозитен производ поединечно на интернет-страницата на ТТК Банка www.ttk.com.mk, како и на огласните табли во експозитурите и во филијалите.